Доколку сме искрени кон самите себе мора да признаеме дека понекогаш правиме работи кои што се по малку „чудни“. Без разлика дали ги правиме за да избегнеме некој, или пак да не се чувствуваме осамено, скоро секој може да се пронајде во барем една од овие седум ситуации.

1. Се преправаме дека слушаме

Сите сме се нашле во ситуација да разговараме се некој пријател и покрај нашите напори постојано и внимателно да го слушаме, нашиот мозок едноставно знае да залута со мислите. Кога ќе не прашаат за одговор најлесно ни е да одговориме со „да“, наместо да признаеме дека не сме внимавале и да го замолиме соговорникот да повтори.

2. Се преправаме дека сме зафатени за да ги избегнеме луѓето

Иако толеранцијата е секогаш присутна, постојат „оние луѓе“ кои воопшто не би сакале да ни излезат на патот. Поради тоа сите ние имаме „чудна навика“ да се преправаме дека сме зафатени кога ќе ги забележиме овие луѓе, најчесто гледаме во мобилниот телефон, бараме нешто во чантата, гледаме во излог, влегуваме во продавници, правиме се што е во наша можност за да ја избегнеме ситуацијата.

3. Преувеличуваме

Ако патот по кој возиме има 3 дупки ние ќе кажеме дека имало над 10, доколку рибата што сме ја фатиле е долга 20 сантиметри ние со рацете ќе покажеме како да е 50, доколку Елена од сметководство ни дала 2 забелешки оваа недела ние ќе кажеме дека таа е најпребирливата личност. Преувеличувањето е секојдневна работа за луѓето, од која очигледно никогаш нема да се откажеме.

4. Сакаме да бидеме „случајни минувачи“

Колку пати сте возеле по автопат во две насоки и сте забележале дека кога има сообраќајна незгода на една од лентите се создава гужва и во двете насоки? Дали тоа го предизвикува некој чуден волшебник? Или едноставно е нашата чудна опсесија да бидеме минувач? Ова не значи дека ние сите сакаме лоши работи да им се случуваат на другите луѓе, туку едноставно сакаме да набљудуваме нешто несекојдневно и да раскажаме приказна која што останатите не ја виделе.

5. Сакаме „Лајкови“

Без разлика колку често ги посетувте социјалните мрежи, ние сме програмирани да го цениме секој комплимент кој е упатен кон нас. Некои луѓе никогаш нема да признаат дека поминуваат голем дел од времето внимателно бирајќи ги фотографиите кои ги истакнуваат нивните најдобри карактеристики или пак дека повеќе ни се допаѓа фотографијата од минатото лето само затоа што собрала 35 лајкови повеќе од онаа од оваа година.

6. Се „манијачиме“ онлајн

Минатата ноќ налетавте на пријател кој не сте го виделе со години, а сега неколку часа подоцна Вие сте заглавени во сесија на демнење и откако сте ги разгледале неговите фотографии, сте стигнале до братучедката на неговата девојка и роденденот на нејзиното дете. На секој му се случува ова.

7. Си читаме „глупи“ статии со листи

Не се сомневаме дека и овој текст ќе се придружи на таа група, но без разлика дали Ви се допадна или не, сите ние некогаш сме прочитале „глупави“ содржини на интернет само затоа што ни биле презентирани во форма на листа. Без разлика дали се работи за: Каков ќе биде тој во кревет врз основа на неговиот хороскопски знак, 11 знаци дека му се допаѓате, или пак 7 „чудни“ работи кои што сите ги правиме (Но не признаваме), ние продолжуваме да ги читаме и поради тоа се почесто се појавуваат вакви текстови.

Сподели на Facebook
пати видено