Ова е неверојатен момент во кој поранешен војник разоружува крадец, кој се обидувал да ја ограби локалната продавница, а потоа го вперува пиштолот во него.

Храбриот 61-годишен Антони Вулф вели дека неговата воена обука била пресудна за да успее да го собори 31-годишниот Џејмс Гоуланд, на подот, во Свиндон, Вилтшир, Англија.

Антони, пензиониран наставник и поранешен војник, бил предупреден од соседите за вооружениот грабеж и истрчал директно во продавница за да го разоружа напаѓачот кој се обидувал да украде готовина од касата.

Тој успеал да му го земе оружјето од рака и вперувајќи кон крадецот го прашал: „Ако го повлечам ова ќе ти ја разнесам ли главата?“ Веднаш потоа на помош дошол и уште еден човек од заедницата кој му помогнал да го задржат крадецот додека да пристигне полицијата.

Крадецот, Џејмс му се заканил на продавачот Џеган Кандасвами и му рекол да ги предаде парите или ќе го убие. Освен пари од касата крадецот сакал да земе и две флаши виски Jack Daniel’s.

Џејмс бил прогласен за виновен за грабеж и поседување на имитација на огнено оружје и бил осуден на 2 години и 9 месеци затвор.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено