Една 60-годишна вработена во Федекс, беше принудена да пешачи 20 километри за да дојде на работа и уште 20 километри за да се врати дома, секој ден.

Дарлин Квин која работи како ракувач со пакети претходно доаѓала на работа со стар автомобил, но пред 3 месеци тој ѝ се расипал и била принудена да доаѓа пеш.

Дарлин се расплака кога колегите вработени во продавницата на Федекс во Јужна Каролина и подарија половен автомобил. Колегата Џош Луис видел дека посветената вработена се мачи секојдневно и освен што се ангажирал да се соберат пари помеѓу вработените исто така креирал и GoFundMe на која што собрале 8.265 долари со кои ѝ купиле автомобил на Дарлин.

Дарлин на никого не се пожалила дека пешачи до и од работа, туку нивниот шеф случајно еднаш ја забележал како го прави тоа и ѝ понудил превоз.

Сподели на Facebook
пати видено