Шест верни кучиња поминале над 24 часа чекајќи го својот сопственик, бездомник пред болницата во Бразил, кога тој бил пренесен таму со амбулантно возило поради мозочен удар.

Видеото го доловува извонредниот момент кога верните песови пристигнуваат задишани откако го бркале амбулантното возило неколку километри, веднаш до вратата на болницата.

Посветените миленици не ја напуштиле болницата Санта-Каса во јужен Бразил, кога уличниот жител, познат само како Луиз, бил пренесен во болницата. Тие останале на предната врата со часови, завивајќи. Луиз кој е бездомник повеќе од 20 години бил отпуштен од болницата следниот ден, но заминал со својот брат од споредниот влез.

Кучињата, за кои тој смета дека се негово семејство, останале да го чекаат да се појави. Тие се тргнале пред вратата на болницата дури откако нивниот сопственик самиот се вратил за да ги земе.

Сподели на Facebook
пати видено