Сите ние сме понекогаш подготвени да се откажеме кога се соочуваме со проблеми, кои прават да се чувствуваме немоќни. И во овие моменти роднините, пријателите и другите луѓе доаѓаат да ни помогнат.

Човек со Даунов синдром ја изгубил својата колекција на филмови во пожар. Таа била навистина вредна за него, па луѓето му помогнаке да ја обнови.

Марк Орсило од Калифорнија имал 300 филмови од 90-тите години. Кога куќата на Марк изгорела во пожар заедно со други куќи неговата колекција била уништена. Марк се расплакал пред неговата сестра Даниела Девин и таа побарала помош на Фејсбук за да ја обноват колекцијата. Корисниците не само што целосно ја обновиле колекцијата, туку и донирале 10.000 долари за семејството на Марк за да им помогнат повторно да го изградат нивниот дом.

Една девојка побарала играчка-хамер која веќе не се произведува за нејзиниот брат со посебни потреби.

Братот на Кетлин, Макс има 25 години, но неговата ментална возраст е 5 години. Тој за Божиќ сакал син полициски хамер кој бил направен во 2000 година. Сестра му секоја година му ја купувала истата играчка бидејќи често ја кршел, но таа повеќе не се произведувала и не можела да ја најде. Затоа се обратила до луѓето на Фејсбук. Сите корисници кои дома имале ваква играчка ѝ ја пратиле на Кетлин, а исто така и од компанијата што ги произведува ги пратиле сите останати играчки од ваков тип кои останале во нивниот магацин.

Корисниците на интернет собрале повеќе од 350.000 долари за сиромашен стар човек кој продавал сладолед.

Џоел Сервантес Мациас, од Чикаго, еднаш видел старец на улица со количка за сладолед. Сите го игнорирале човекот, а Џоел се сожалил. Тој купил 20 пакувања сладолед и потоа, започнал кампања за собирање пари и успеал да собере 3.000 долари.

Џоел дознал дека сопругата на човекот е болна и неговата ќерка починала, па затоа морал да се грижи за неговите внуци. Луѓето биле толку трогнати од приказната што за 4 дена собрале 350.000 долари.

9-годишно момче поканило 30 луѓе на неговата роденденска забава, но никој од нив не се појавил. Потоа, неговата баба побарала помош онлајн.

На роденденот на Џералд не се појавил ниту еден пријател, а кога неговата баба се јавила да ги праша нивните родители зошто не ги донеле децата сите и дале сличен одговор: „Моето дете не може да биде пријател со вашето, бидејќи тој е поинаков.“ Џералд има неколку операции на мозокот и е малку неразвиен во споредба со другите деца. Но, тој е љубезно дете кое копнее за пријателство со другите деца.

Неговата баба ја објавила случката на Фејсбук и за неколку часа на роденденот на Џерал дошле неколку локални полицајци и пожарникари, а исто така на домашна адреса пристигнале илјадници роденденски картички и подароци.

Еден човек сакал да скокне од покривот на зградата, но луѓе се собрале околу зградата и го убедиле да не го прави тоа.

Во Спрингфилд, еден човек се качил на покривот на една зграда со намера да изврши самоубиство. Десетина луѓе се собрале околу зградата со знаци за да помогнат. На знаците пишувало: „Ти си важен, ќе биде сѐ во ред, не си сам, ние се грижиме.“ По 6 часа човекот се симнал и бил однесен во болница.

Интернет корисници купиле протези за куче кое се фатило во замката на мечка.

Кучето по име Форест одело низ шумата и се фатило во замката за мечки. Форест поминал 2 недели во стапицата, а со цел да преживее, јадел кора од дрво и лижел снег. Кога кучето било пронајдено, тоа било на работ на смртта. Неговите предни и задни нозе биле сериозно оштетени и морале да бидат ампутирани. Приказната станала позната на интернет и луѓето собрале пари за да му купат протези.

Сподели на Facebook
пати видено