Ние сме најголемите критичари на нас самите. Но, наместо да се фокусираме на очигледните нереалистични притисоци и очекувања што ги поставуваме на себе, треба да се фокусираме и на овие шест работи кои што многу од нас премногу често си ги кажуваат на себе. Иако нивното повторување изгледа навидум безопасно, тие можат значително да влијаат врз нашата среќа.

„Јас сум роден/а таков/ва“

Сите сме без сомнение родени со одредени вештини и таленти што можеме повеќе да ги искористиме од другите, треба да се потрудиме да ги ангажираме, но повеќето од нас имаат тенденција да ја кажуваат оваа изјава во одбрана на слабостите или како тврдоглаво верување. Сменете го Вашиот став и трудете се да напредувате наместо да ги прифаќате вашите „недостатоци“.

„Животот е борба“

Оваа метафора понекогаш може да изгледа како безопасна и точна, но дали некогаш сте размислиле дека оваа верување би можело да помогне да се обликува таа реалност? Иако звучи како мотивирачки израз, животот не е секогаш борба и не треба да се гледа на таков начин. Луѓето кои што го сметаат животот за благослов или подарок исто така имаат потешкотии во животот, но го гледаат од различна перспектива.

„Судено ми е да останам сам/а“

Кога сте сингл светот може да изгледа како да е преплавен со среќни двојки, но реалноста е дека има уште толку „слободни на пазарот“. Без разлика колку ужасни врски сте имале или колку луѓе Ви го „скршиле срцето“ престанете да трошите повеќе од своето време верувајќи дека никогаш нема да ја најдете личноста за Вас. Секое од тие искуства Ве направиле личноста која што сте денес и ќе Ви помогне да ја пронајдете долгорочната љубов.

„Брачни окови“

Оваа негативна метафора го опишува Вашиот животен партнер. Дури и ако го кажувате на комичен начин, доколку тоа го правите често ќе почнете и самите да верувате во метафората, а со тоа ќе се намалат и среќните моменти со партнерот.

„Некој друг може да го направи тоа подобро од мене“

Да, најверојатно е дека некој може, но зошто да се мачите со таа помисла? Дали некогаш би му кажале на мало дете кои сонува да биде нешто, да не се мачи затоа што другите ќе бидат подобри од него? Најверојатно, не. Затоа не си ги блокирајте патиштата и дајте си шанса да одите по она што го сакате во животот.

„Предоцна е“

Би било одлично ако сите сме родени знаејќи точно што сакаме да направиме во овој свет и успееме да го оствариме во 20-тите години од животот. Но ретко на кој му успеала оваа замисла. Вистината е дека никогаш нема да бидете толку млади во животот како што сте сега, па ако не сега, кога? Има многу луѓе во светот кои успеале многу подоцна во животот.

Сподели на Facebook
пати видено