Секој ден се соочуваме со најразновидни предизвици кои можат да нѐ треснат од земја и да направат да се чувствуваме понесигурни и под стрес. А современиот живот оди во пакет со мноштво најразлични стресови, и многу е лесно да се фатите во тоа лудо оро. Но, можеби животот и не би требале да го сфаќаме толку сериозно. А зошто?

shutterstock_155673026

1. Бидејќи на некој начин, сѐ е смешно

Погледнете наоколу. Светот е полн со луѓе кои се мразат себеси и тоа што го прават, се мразат помеѓу себе, гледајќи глупави нешта а ТВ, се сликаат и поставуваат нивни слики на интернет за да импресионираат некои луѓе кои не ги ни познаваат, а на крајот сите умираме на ист начин. Зар тоа не е лудо? Светот е смешно место и не сфаќајте го премногу сериозно.

2. Луѓето кои ги сакате се сѐ што навистина е важно

Ако живеете во град, постојано сте опкружени со очи кои донесуваат некаков суд за другите. Ве гледаат како возите, што носите, што јадете, што правите, каде работите – сѐ. Но тие луѓе не се важни. Само вашите блиски се тие за кои би требало да се грижите. Што ви е гајле за другите.

3. Богатството нема да ве направи посреќни

Според Business Insider, парите можат да ве направат посреќни, но само додека заработувате до 75.000 годишно. Кога ќе ја надминете таа граница на приходи, тоа не го менува вашеот ниво на среќа. И навистина, начинот на кој парите и богатството влијаат врз човечката среќа е многу сложен и релативен. Па така, стремежот да заработите многу пари нема да ги подобри нештата. Среќата постоела и пред да бидат измислени валутите. Сигурно постои и друг начин.

4. Кога се грижите, не менувате ништо

Секогаш има добри причини да се грижите за нешто, но тоа не треба да ви стане начин на размислување. Не можете да ги промените нештата само со тоа што ќе се нервирате за нив. Па така, наместо тоа, подобро е да подзастанете, да се смирите и да размислите како би можеле да ги решите вашите проблеми.

5. Ќе умрете

Не е баш забавно да се размислува за тоа, но еден ден сите нас нѐ чека ист крај. Третина од животот преспиваме. На што би сакале да ги потрошите другите две третини?

6. Ние сме малечки, безначајни нешта

Кога ќе се споредиме со бесконечноста на вселената, нашата планета и ние луѓето сме како зрнце песок во пустината. Со оглед на таа ништожност и минливост на сѐ, колку се навистина значајни некои работи кои мислиме дека се толку значајни? Можеби е време да ги преобмислиме нашите приоритети.

Сподели на Facebook
пати видено