Колку често гледате детективски емисии или филмови и си помислувате: „Основното драг мој Вотсон“? Овие загатки ви даваат можност да бидете како познатиот Шерлок Холмс и да ја проверите вашата логика и способноста да обрнете внимание на мали детали.

Решенијата се на втората страна.

1. Најдете го кодот.

Сериски убиец киднапирал човек. На жртвата ѝ било кажано дека ако може да го открие тајниот код, тој може да си замине неповреден. Има чинија со течен отров, кутија за кибрити со само еден кибрит, чаша и парче лимон. Кодот е напишан под отровот и жртвата мора да го отстрани отровот за да го пронајде.

Тој има само една минута за да ја открие загатката. Но, тој не може да ја допре или да ја помести чинијата. Како да го стори тоа?

2. Спаси ја принцезата.

Принцезата се заклучила во кула од 50 метри. Таа има јаже, но долго е само 25 метри. Некако успеала да избега.

Знаеме дека го исекла јажето на средина. Како избегала?

3. Помогнете им да избегаат.

3 мажи биле киднапирани и заклучени во соба. Единствениот начин да избегаат надвор е преку прозорецот над нив. Ако барем еден од нив успее да избега ќе може да се јави во полиција. Мажите се кренале еден со друг на рамениците, но оној кој бил на врвот не бил доволно висок за да го дофати прозорецот.

Што треба да направат?

4. Кое е вистинското прашање?

На затвореници им било кажано дека имаат шанса да бидат ослободени. Има 2 врати и чувар до секоја врата. Еден чувар е лажливец, а другиот секогаш ја кажува вистината. Една врата води кон слобода, додека другата врата ќе ги одведе затворениците во просторијата за егзекутирање.

Затворениците можат да зборуваат само со ЕДЕН чувар и да постават само ЕДНО прашање. Кое прашање треба да го постават за да ја најдат вратата што ќе ги однесе до слобода?

5. Најдете го победникот.

Си бил некогаш еден стар крал кој имал една ќерка. Сите сакале таа да се омаќи за нив, но принцезата имала тест за нив. Таа му дала семе на секој принц кој сакал да ја запроси и им кажала дека принцот кој ќе одгледа најголемо растение и ке ѝ го донесе по 3 месеци ќе биде нејзин сопруг. 3 месеци подоцна сите принцови се вратиле со своите растенија.

Еден принц имал празен сад. Изненадувачки, принцезата го избрала него. Зошто?

6. Кој е убиецот?

Има 4 пријатели, Ана, Дан, Бил и Џош. Еден од нив е сериски убиец.

Ана и Дан се запознале пред 2 месеци и се заљубиле на прв поглед.
Минатата ноќ Бил бил на прошетка со еден од невините.
Ана и Џош заедно прославиле Божиќ.
Дан го познава убиецот од училиште.
Минатиот месец убиецот останал парализиран од половината надолу.
Кој е убиецот?

Решенијата се на втора страна.

Сподели на Facebook
пати видено