Понекогаш следењето на трендовите  во областа на здравјето може да биде опасно и да доведе до непријатни последици.

Најмногу поради фактот што овие трендови кои се промовираат на масите се најсоодветни за млади луѓе, со силно и здраво тело. Но, оние кои имаат некои хронични болести, треба многу внимателно да ја бркаат модата.

1. Интервални вежби со висок интензитет

Со ваквите вежби се ветува совршено тело, но луѓето кои ги практикуваат овие вежби се изложени на ризик од повреда и воспаление на коленото рамениците. Затоа ваквите вежби се препорачуваат за луѓе кои вежбаат веќе подолг временски период, а не за почетници.

2. Паста за заби со јаглен

Неодамна стана мода да се користи јаглен не само за чистење на стомакот, туку и за козметички цели. Ако сакате да користите паста за заби, која вклучува активен јаглен, вреди да се запамети дека тоа е абразив. Со чистење на надворешната површина на забите, таа делумно го отстранува емајлот, кој, за жал, не се обновува. Ова ги прави нашите заби почувствителни и им дава жолта боја. Покрај тоа, парчиња јаглен може да заглават во пломбите или непцата и да предизвикаат иритација.

3. Електронски цигари

Врз основа на резултатите од студијата за бронхијалните епителни клетки кои припаѓаат на пушач на IQOS, може да се заклучи дека електронските уреди за пушење заедно со цигарите може да доведат до воспаление, оксидативен стрес и други штетни ефекти врз белите дробови и респираторниот тракт. На долг рок, може да предизвика хронична опструктивна пулмонална болест и рак.

4. Вагинално испирање

Овој метод на чистење може да доведе до промени во микрофлората на внатрешните гениталии и појава на чешање, иритација и бактериска вагиноза. И честата употреба на испирањето може да ја зголеми веројатноста за развој на рак на грлото на матката.

5. Земање витамини без совет од доктор

Лекарите често нè потсетуваат дека неконтролираната употреба на витамини по сопствена одлука може да има непријатни последици. На пример, премногу витамин Ц во телото може да доведе до формирање на бубрежни камења.

Ако се сомневате дека не ги добивате потребните хранливи материи, размислете да преминете на поквалитетна исхрана.

6. Кегелови вежби

Кегеловите вежби не се дизајнирани само за жените, туку и за мажите, а со правилен начин на работа, тие можат да ги зајакнат карличните мускули. Но, таквата веќба има голем број на контраиндикации. На пример, кај лице со карлична болка или уринарна инконтиненција, тоа само може да предизвика влошување или оштетување на мочниот меур и бубрезите. Покрај тоа, многумина ги прават овие вежби погрешно или премногу често.

Сподели на Facebook
пати видено