Дехидрацијата се јавува кога телото не добива доволно течност за да функционира правилно, а таа состојба може да доведе до згрутчување на крвта, дезориентираност и губење на свеста, како и до други потенцијално фатални компликации. Истражувањата покажуваат дека дури и благата дехидрација може неповолно да влијае на расположението и енергијата. Затоа е важно што порано да се препознаат симптомите на дехидрација, односно да се внимава до неа воопшто и да не дојде.

vd

Нештата се дополнително усложнети и со тоа што знаците дека сте дехидрирани не се очигледни, како заморот и жедта. И некои помалку очигледни сигнали можат да ви соопштат дека итно ви треба вода. Вода, а не некој друг пијалок, особено не алкохол, енергетски пијалоци и кафе, кои можат уште повеќе да ве дехидрираат. Еве некои од тие знаци.

1. Непријатен здив

Плунката има антибактериски својства, но ако имате недостаток од вода, организмот нема да може да произведува доволно плунка. А ако немате доволно плунка, бактериите можат претерано да се намножат. Една од нуспојавите на тоа е непријатниот здив кој се појавува поради долготрајна дехидрација.

2. Сува кожа

Многу луѓе мислат дека дехидрираната личност многу се поти, но ако минувате низ различните степени на дехидрираност, крвта веќе го нема потребниот волумен, па така кожата станува многу сува. Покрај тоа, со оглед дека кожата е сува и не испарува како што би требало, може да се јави и црвенило.

3. Грчеви во мускулите

Колку што е повисока температурата во вашето тело, толку поголема веројатност има да добиете грч во мускулите. Колку што мускулите работат понапорно, толку полесно се грчат како последица на преголемото загревање. И промената на електролитите, т.е. нивото на калиум и натриум во организмот.

4. Треска и трпки

Можеби на прв поглед звучи нелогично, но кога телото ви е сериозно дехидрирано, можете да добиете симптоми како при настинка, па дури и да ви се зголеми телесната температура. Зголемената телесната температура може да биде особено опасна, па затоа ако надмине 38°C, задолжително појдете на лекар.

5. Потреба за храна, особено слатка

Кога сте дехидрирани, на некои органи им е отежната работата, на пример на црниот дроб на кој водата му е неопходна за ослободување на гликоген и други состојки во залихите на енергија во организмот, што може да резултира со чувство на глад. Можно е да јави потреба за некој особен вид храна, од солени грицки до слатки, но најчесто се јавува силна потреба за слатка храна. Доколку почувствувате нешто вакво, каснете нешто и напијте се вода. Исто така, стрвта би можеле да ја задоволите со некои видови овошја и зеленчук кои се богати со течност, како што се лубеницата, дињите, јагодите, краставицата, зелена салата, домати, благи пиперки и сл.

6. Главоболки

Мозокот е опкружен со ликвор, бистра течност која го заштитува од потреси и удари. При недоволно внесување течност и количеството на таа течност може да се намали, коешто може да доведе до подиректни допири со черепот, а што предизвикува главоголки.

Сподели на Facebook
пати видено