Во текот на историјата цивилизации биле родени и изгубени безброј пати. Денес преку нашата акумулација на знаење, антрополозите и археолозите се обидуваат да создадат временскиот мозаик на подемот и падот на цивилизациите. Сепак секој ден доаѓаме до нови откритија кои водат до нови непознати цивилизации, што е само доказ дека сѐ уште не ја познаваме доволно добро нашата историја и потеклото.

6.Недовршениот Обелиск Во Египет

Еден од најпознатите камени објекти оставени од древната цивилизација е „Недовршениот Обелиск Во Египет“, кој што е повисок од било кој друг Обелиск во светот. Тој е долг 42 метри и најверојатно е напуштен откако се создале пукнатини во каменот. Некои научници веруваат дека неговата изградба била прекината од Хатшепсут, жената-фараон. Доколку бил изграден би тежел над 1.200 тони.

5. Дварка, митскиот град во Индија

Дварка е еден од најстарите градови на Индија. Градот се протега на 8 километри во должина, 3 километри во ширина и 36 метри под водата на заливот Камбај на западниот брег на Индија. Откритието ги зачудило научниците поради тоа што според истражувањата градот датирал од пред 10.000 години. Чудно е што голем дел од архитектонски остатоци се уште се непроменети.

4. Долмен Де Менга во Шпанија

Долмен Де Менга е мегалитска гробница која што датира од 3-тиот милениум пред нашата ера. Се наоѓа во Малага, Шпанија. Оваа место се смета за една од најголемите структури во Европа, ако не и во светот. Најголемите камења тежат околу 180 тони. Во гробницата се закопани стотици луѓе.

3. „Кулата на џиновите“ во Малта

Постари од Стоунхенџ и пирамидите, овие светилишта се едни од најзначајните археолошки локалитети во Малта. Овие два храма се карактеристични по нивната гигантска неолитска структура бидејќи биле изградени за време на неолитот (3600-2500 п.н.е.). Според древна легенда ѕидовите на храмот биле изградени за еден ден од страна на женски џин, Сунсуна, која што го направила храмот додека го доела нејзиното бебе. Според денешните пресметки само за јужниот дел од храмот би биле потребни околу 15.000 денови за неговата изградба.

2. Споменикот Јонагуни Во Јапонија

Овој споменик се наоѓа потопен во близина на брегот Јонагуни. Во 1986 година нуркач наишол на чудни скулптури 25 метри под водата. Тој останал шокиран од масивни правоаголни формации со совршени агли од 90 степени, прави ѕидови, скали и човечко лице врежано во карпата. Камениот споменик има совршено рамни скали, скулптури од животни, необични тераси и многу други украси. Масааки Кимура, морски геолог од Јапонија го проучува местото повеќе од 15 години и верува дека местото датира од пред 5.000 години, но потонало по земјотрес кој се случил пред 2.000 години. Други научници тврдат дека структурата е многу постара.

1. Олмек главите во Мексико

Има најмалку 17 вакви огромни глави извајани од големи базалтни камења. Главите датираат од најмалку пред 900 п.н.е. и се карактеристика на Олмек цивилизацијата на античка Средна Америка. Постојат шпекулации дека главите имаат Африкански карактеристики и дека се доказ дека Африканското население патувало низ светот пред Европјаните.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено