Дуелите биле нешто карактеристично за мажите во минатото. Тие за да ја одбранат својата чест влегувале во дуел. Најчесто воие дуели завршувале фатално за еден од противниците. Сепак и жените не биле исклучок од оваа „традиција“, ова се неколку женски дуели кои останале запаметени во историјата.

„Дуел на фустаните“

“Дуел на фустани” се одржал помеѓу госпоѓата Алмир Брадок и госпоѓата Елфинстоун во Лондон во 1792 година. Конфликтот меѓу двете дами започнал откако госпоѓата Елфинстоун ја навредувала Брадок, тврдејќи дека таа е постара од годините за кои кажувала дека ги има.

За да се разјасни целата ситуација, госпоѓата Брадок ја предизвикува Елфинстоун на дуел во Хајд Парк. Првично дуелот започнува со пиштоли, но ниту една од дамите не е повредена, по што следната рунда била со мечеви. Во тој дуел Елфинстоун ја повредува раката по што го губи дуелот и се извинува за коментарите во врска со возраста на Брадок и двете повторно стануваат пријателки.

„Дуело де Мухерес“

Денес, Италија се смета за една од најромантичните земји во светот, па во 16 век ситуацијата не се многу разликувала. Според легендите, Изабела де Карачи и Дијабра де Пенинела од Неапол биле лудо вљубени во Фабио де Серезола. Бидејќи не можеле и двете да бидат заедно со него, решиле да го решат проблемот со двобој. Победникот не е познат, но аферата останува во историјата како прекрасен спектакл. Навистина, сликарот Хозе де Рибера насликал дуел во 1636 година наречен „Дуело де Мухерес“, кој е шпански израз, што значи „женски дуел“.

Паулина фон Меттерних и Анастасија Хендрикова

Според историските весници од 1892 година, госпоѓата Паулина фон Метерних и дамата Анастасија Хендрикова решаваат да излезат на дуел, откако не можеле да се разберат за распоредот внатре на цвеќето за една церемонија во Вадуц. Паулина фон Меттерих била сопруга на австриски амбасадор во Париз за време на Наполеон III. Таа била дама на високо ниво, и како таква, секој мал детаљ вклучувајќи го и уредувањето на цвеќето, било толку важен за неа и била подготвена да го ризикува своето здравје, па дури и нејзиниот живот за да ги заштити и задоволи своите желби. Победникот во двобој не е откриен, но двете дами биле повредени – принцезата во носот, а Хендрикова во нејзината рака. По дуелот тие се разбира, веднаш ја повикувале на госпоѓата Љубински, која имала медицинско знаење и била лекар во тоа време.

Ангнес Хотот

Агнес е родена во Англија во 14 век и била ќерка на грофот Дадли. Грофот влегол во кавга со друг господин, и за да се разреши проблемот, одлучиле да се соочат еден на друг со дуел. Сепак, грофот Дадли тешко се разболува пред дуелот, а за да ја одржи честа на татко си, Агнес маскирајќи се како човек, го зема оружјето и се бори на местото на грофот. Таа не само што се бори, туку и победува. За да ја прослави победата, Агнес му покажала на својот противник дека е жена, со што го симнала штитот пред него.

Војвотката на Полињак и Војвотката де Несле

Двобојот меѓу двете дами бил услов за љубовта на војводата Ришелје. Де Несле ја провоцира на дуел војвотка Полињак, со што овој пат тие избираат пиштоли за оружје.

Правилата биле едноставни – двете можеле да се движат напред само до должината на еден шал и да пукаат во секој момент. Де Несле била првата која го притиснала чкрапалото, но не успеала да погоди. Војвотката на Полињак, од друга страна, успеала да ја погоди Несле во рамото. За жал, и покрај овие напори на дамите, никоја од нив не ја добива љубовта на војводата Ришелје за која се бореле.

Мис Шелби и Мадам Асти де Валсари

Дуелот се случува во Франција меѓу американската феминистка Мис Шелби и храбра и провокативна француска активистка Мадам Асти де Валсари. Двете влегуваат во кавга за тоа дали имало подобри женски лекари во Франција или во Америка. Тие решаваат да го решат спорот преку двобој што го договориле 15 дена по нивниот договор. Де Валсари смело го одложувала дуелот толку многу за Мис Шелби да тренира. Иако имала доволно време да се подготви, Американката го губи дуелот откако била повреден во нејзиното рамо.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено