Пластични отпадоци навистина станаа неизбежни, и не можеме да се скриеме од загадувањето. Научниците открија дека ситни суштества, како ракчиња што живеат на дното на Маријанската бразда имаат пластични честички во нивните системи за варење.

Отидовме премногу далеку во загадување на нашата планета и крајно време е сите да почнеме да користиме помалку пластични предмети и повторно да ја употребиме пластиката на сите можни начини.

1. Користете ги дното од пластични шишиња за правење на божиќни украси

Исечете го дното од шишињата и загрејте ја едната страна со пегла или на шорет за да не биде толку остра. Постоа насликајте ги, додајте некои убави панделки и уживајте во еколошките божиќни украси!

2. Користете пластични шишиња за наводнување на вашата градина

Ова е одличен трик доколку не сте често дома. Направете мали дупчиња во шишето. Наполнете го со вода и закопајте го во близина на растението, а отворот на шишето нека биде видлив. Вака водата од дупчињата ќе го вадоднува вашето растение.

3. Направете компактна стаклена градина за вашиот зеленчук со поголемите шишиња

Стаклената градина чини повеќе и зафаќа многу простор. Додека стаклена градина со шише е добро решение за градина од која било големина. Отсечете го дното на шишето, одвртете го капачето и ставете го над растението.

4. Направете креативна хранилка за птици

Доколку чувате птици или познавате некој кој чува предложете му го ова решение. Сѐ што ви е потребно е празно пластично шише, неколку моливи или дрвени стапови, нож, канапчиња и малку храна за птици. Погледнете тука детално како да го направите тоа.

5. Користете пластични шишиња како саксии

Шишиња од млеко, сок и слично одлично функционираат како еколошки саксии. Изберете шише доволно големо за вашиот цвет, исечете дупка со соодветна големина и пополнете го шишето со земја. Не заборавајте да направите дупки во долниот дел.

6. Искористени гајби како мебел

Гајбите можат повторно да се искористат на повеќе начини, како кауч, столови, маси, гардеробери и многу други. Можете да добиете инспирација за тоа како повторно да ги искористите гајбите во оваа видео.

Сподели на Facebook
пати видено