Живееме во време кога секој кој има талент и интелигенција, може да успее во животот и да ги оствари своите соништа. Секако има голема разлика во тоа какви биле луѓето на самиот почеток и какви станале по големиот успех во животот.

Бил Гејтс

Младиот Бил не бил многу успешен на училиште. Тој дури бил избркан од колеџ во втората година затоа што не одел на предавања. Но, тој сѐ уште го сакал програмирањето. Всушност толку многу го сакал што на 21-годишна возраст заедно со неговиот пријател Пол Ален ја основале компанијата Мајкрософт. Во 2018 година, тој е на 7-та позиција на највлијателните луѓе според Форбс – по Владимир Путин, Доналд Трамп и Папата.

Лари Пејџ и Сергеј Брин

Во 1995 година, 2 талентирани момци на фотографијата погоре се запознале на турнеја во Универзитетот Станфорд. Тие почнале да зборуваат, дискутираат за компјутерската технологија и станале пријатели. Подоцна, тие одлучиле да започнат истражувачки проект кој наскоро (во 1998 година) се претворил во една од најмоќните компании денес, Google Inc.

Ричард Бренсон

Ричард Бренсон секогаш сакал да биде скандалозен. На денот кога завршил со училиштето, директорот му рекол дека ќе оди во затвор или ќе стане милионер и тој бил во право. Денес, Сер Ричард Бренсон е еден од најпознатите луѓе, ко-основач на транснационалната корпорација Virgin Group, милијардер, и забавен човек.

Стив Возниак

Насмеаниот човек на левата фотографија отсекогаш бил креативен инженер. На пример, тој дизајнирал и направил систем на комуникација за 6 детски спални во соседните куќи за да разговара со своите пријатели без да ја напушти куќата. 20 години подоцна, истиот човек го направил првиот Apple компјутер заедно со Стив Џобс.

Илон Маск

Илон Маск научил да програмира на возраст од 9 години, а на 28-годишна возраст го продал својот прв стартап (вредел 307 долари), на 30-годишна возраст го основал PayPal, а на 32-годишна возраст Тесла Моторс. Една година пред тоа, тој го основал SpaceX тврдејќи дека ќе го колонизира Марс во блиска иднина. Сега, тој има 47 години и е навистина успешен инженер, претприемач и милијардер.

Сподели на Facebook
пати видено