Неверојатно хумано момче е пофалено за неговтаа добрина откако ги донирало парите кои трпеливо ги штедело за да оди во Дизниленд за да купи храна за евакуираните од ураганот Доријан.

6-годишниот Џереми Бел од Алендајл во Јужна Каролина требал да го посети забавниот парк Флорида за неговиот седми роденден овој викенд.

Меѓутоа, кога слушнал како мештаните биле присилени да ги евакуираат своите домови како се приближува ураганот Доријан, тој решил да ги искористи парите за добронамерна цел. Се верува дека Јужна Каролина потенцијално може да биде во патот на деструктивното невреме, па Џереми ги искористил своите заштедени пари за да купи храна, како хотдози и вода, за да нахрани повеќе од 100 евакуирани.

Несебичниот 6-годишник исто така стоел до автопатот 125 со знак во рацете на кој се посочува дека нуди храна и вода за луѓето. „Луѓето кои патуваат да одат на места, сакав да имаат храна за јадење, за да можат да уживаат во возењето до местото каде што ќе останат. Сакав да бидам дарежлив и да живеам за да дадам.“, вели малиот хуманитарец.

Неговата баба вели дека момчето дури и се молело заедно со едно семејство за нивната куќа да не биде уништена од невремето. Сепак Џереми вели дека откако ќе заврши бурата тој повторно ќе почне да штеди за Дизниленд.

Сподели на Facebook
пати видено