Мајка од Јута, САД заедно со својата 6-годишна ќерка порачале барбика од Амазон, како подарок за роденденденот на девојчето.

Малата Кетлин потоа ја прашала мајка си дали ќе може да провери на компјутерот до каде стигнала нејзината нарачка и мајката верувајќи во невините намери на девојчето ѝ дозволила.

Наредниот ден следел благ шок, кога пред вратата им пристигнала порачката од Амазон, но наместо само барбика имало голем куп од кутии полни со разни игри и играчки во вредност од над 300 долари.

Тогаш 6-годишната Кетлин признала дека сама си ги порачала играчките. Мајка ѝ кога ја проверила сметката на амазон видела дека нејзината ќерка имала порачки од три страни. На фотографиите може да се види како малото „ѓаволче“, „злобно“ се смешка кога пристигнале играчките.

Дури и возачот на комбето за испорака се фотографирал со неа. За среќа сите играчки (освен барбиката која била наменета за нејзиниот роденден) и парите биле вратени. Фотографијата од девојчето станала позната откако нејзина роднина ја објавила на Твитер.

Сподели на Facebook
пати видено