Реј Хоугтон во рок од една година го истетовирал целото тело и потрошил над 6.000 евра. Овој 59-годишен бодибилдер бил фитнес фанатик уште кога бил дете, но не сакал да го покаже своето тело затоа што имал 8 тетоважи кои ги сметал за „срамни“.


Тој го посетил локалното тату-студио за да стави „ракави“ но по две недели се вратил со идеја да го истетовира целото тело со Маорски-дизајн и сега се чувствува како нов човек. Реј сега има костум од тетоважи а само неговото лице, дланки и пенисот не се тетовирани.

Реј вели: „Кога бев млад бев импресиониран од првите тетоважи, но штом заминав од војската почнав да се срамам од нив.“

„Порано луѓето ме забележуваа и бараа да се сликаат со мене поради телото, но како почнав да стареам тоа престана да се случува. Сакав да се чувствувам помлад и да ги инспирирам останатите повозрасни луѓе,“ вели Реј.

Сега тој ужива кога луѓето го забележуваат и го прашуваат за неговите тетоважи. Реј бил и на нудистичка плажа само за да ги покаже новите тетоважи. Сесиите за тетоважите траеле по 9 часа, на секои две недели, а тој почнал од рацете и нозете.




