56-годишен човек кој троши повеќе од 22 000 евра годишно на својот изглед вели дека го прави тоа за да ја натера својата жена да држи чекор со него. Донавон Нелсон од Лондон, кој истргнал илјадници евра на хируршки третмани и има тројца лични тренери кои му помагаат да го одржи својот изглед – признава дека неговиот напорен режим на одржување ја присилува и неговата 35-годишна жена да се одржува во форма.

„Не сакаш да се скрасиш со една жена и потоа по три години таа да стане дупло од тебе. Идејата е да се обидеш да ја одржиш во иста форма поради која те запалила кога првпат сте се запознале“, признава тој.

Донавон, кој вградил градни импланти и се подложил на неколку третмани на липосукција, троши три часа дневно на својот изглед, а секое утро забите ги четка најмалку 20 минути. Исто така троши околу 60 евра месечно за лет од Лондон до Шведска, каде што оди кај неговиот омилен фризер. Тој вели:
„Бидејќи мојата жена е 21 година помлада од мене, сакам да го одржувам моето тело. Ако ништо друго, барем така сум сигурен дека ако некогаш ме остави, сѐ уште ќе можам да излезам на пазарот, нема да бидам за фрлање.“

Донавон тврди дека мора да носи лична карта со себе бидејќи наводно не го примале во клубови и не му давале алкохол затоа што изгледал премлад.
„Еднаш бев на одмор во Тајланд и три часа ме држеа на граница. Мораа да чекаат да се отвори британското претставништво за да проверат пасошот да не ми е украден, бидејќи не можеа да поверуваат за мојата возраст“, се фали 56-годишникот.


