Четири децении откако морал да го напушти училиштето затоа што секојдневно бил малтретиран 56-годишниот човек гордо зачекори на бината да си ја земе дипломата од средното училиште.

Брајан Петерсен првично посетувал средно училиште заедно со своитесоученици, во 1979 година, но на 16-годишна возраст, тој одлучил да замине, бидејќи не можел да ги поднесе насилниците ниту еден ден повеќе.

Во текот на четири години насилните тинејџери му ја кинеле домашната работа на момчето, го туркале во ходниците, го заклучувале во шкафчињата и што уште не.

Таткото кој сега има еден син раскажува за какви се работи бил малтретиран: „Јас секогаш бев мал на раст и затоа претпоставувам им бев лесна цел. Сакав често да кревам рака на час, а тоа не им се допадна на другите деца. Ме нарекуваа ‘штребер’. Насилството продолжи да се развива така што децата ме туркаа во ходниците и ми ги фрлаа книгите на подот. Еднаш во салата по физичко некој истури кофа со вода пред мене за да се лизнам и да паднам.“

56-годишниот човек вели дека чашката се прелеала кога насилниците го затвориле во едно од училишните шкафчиња пред завршување на часовите и останал таму скоро 2 часа пред служителот да го слушне како вреска.

Брајан никогаш не се вратил на училиште по тој инцидент. Наместо тоа, продолжил да тренира како наставник за танц и ја балансирал својата кариера со својата позиција како курир веќе 21 година.

Во 2015 година бракот на Канаѓанецот пропаднал, а ја изгубил и работата. Неговото ментално здравје се влошило и тој станал бездомник. Со помош на својот син Рики, Брајан почнал да се лекува откако добил нервен слом и токму неговиот психијатар препорачал да се врати на училиште.

Брајан првин не сакал, но сепак се одличил да стави крај на овој болен период од неговиот живот и да добие диплома за да може да најде подобра работа. Канаѓанецот започнал со школување во септември 2016 година и почнал да посетува настава пет дена во неделата, четири часа на ден. Три години подоцна тој ја доби својата диплома, а неговиот син Рики гордо го гледал од публиката. 56-годишниот се надева дека следната година ќе продолжи да студира на Универзитетот во Винипег и ги истражува неговите можности за идна кариера.

Сподели на Facebook
пати видено