52-годишна жена од Британија е најпознатата „кугар“ во Велика Британија. Бизнисменката Џуни Смит од Сент Албенс се забавувала со повеќе од 250 помлади мажи и со тоа почнала кога наполнила 30 години. Таа инсистира дека тоа ја одржува млада – додавајќи дека мажите на нејзина возраст или не можат да го понудат тоа што го можат помладите мажи – или едноставно „немаат поим како да се забавуваат како што треба.“

„Момците со кои излегувам се на возраст од 18 до 45“, вели таа. „Ги запознавам по клубови, по маркети, уметнички галерии и секогаш тие ми се пуштаат.“
Џуни, која никогаш не била мажена ниту има деца, објасува: „Отсекогаш се забавував со помлади од мене, но навистина се фокусирав на тоа кога наполнив 30 години…Се обидов да излегувам со мажи на моја возраст, но тие се досадни, лоши во кревет и не се трудат да ме задоволат. Плус тоа, по разводите се враќаат на сцената и ја немаат таа длабочина. Испуштиле цела една генерација промени во забавувањето.“

Но, Џуни објаснува дека таа не спиела со сите тие 250 мажи.
„Со некои се напив кафе, со некои само излегов на пијалок, со други одев на забава“, објаснува таа. „Со некои спиев, а со други имав и долги врски.“

Таа инсистира дека иако ужива да се забавува на сите начини, одбива да ја етикетираат на непожелен начин.
„Јас не сум курва, како што луѓето веднаш си помислуваат. Едноставно сум позитивно настроена кон сексот. Тоа значи дека се чувствувам секси, сакам да изгледам добро, уживам во сексот со вистинскиот маж и не се плашам да зборувам за тоа.
Уживам во сексот, но пред тоа мора да излегуваме. Мојот пристап кон мажите го сметам многу американски. Вечери и излегување со тројца до четворица мажи во текот на неделата, се разбира посебно, така си функционира тоа. Па не можеш да бидеш со еден сѐ додека не решиш да бидеш со тој еден.“


