Доналд Савастано од Њујорк кој победил на лотаријата „Среќен милионер“ и освоил 1 милион долари, ненадајно починал три недели по неговата победа од рак. 51-годишниот Доналд го купил билетот на 4 јануари за 10 долари, а само една недела пред да почине му било кажано дека има рак во четврта фаза.

Кога ги земал Доналд парите изјавил: „Како самовработен столар, јас немам план за пензионирање. Парите ќе ми помогнат за тоа. Немам други екстравагантни планови. Ќе купам нов камион, ќе ги исплатам долговите и ќе инвестирам за иднината.“

Доналд занаетот го научил од неговиот татко и бидејќи не бил свесен за неговата болест правел планови за иднината.

Тој веќе 10 години живеел во Њујорк заедно со неговата девојка Џули и нејзините две деца. Последните денови од неговиот живот Доналд ги поминал во болница, а дел од парите кои ги освоил ќе бидат донирани на Американското здружение за рак.

Сподели на Facebook
пати видено