Маж наздравува по повод 50 годишнината со жената:
– Не пијам за твоите 50 на кои личиш на кисела зелка! Не пијам за твоите 35, кога беше како отстојан коњак, ниту за твоите 25, кога беше како пенливо шампањско, туку за твоите 17, кога беше како сочна праска…
Гостите гледаат зачудено и намуртено, но жената одговара на здравицата:
– Не наздравувам за моите 17 кога бев како сочна праска, која ти ја зеде нагризена, ниту за моите 25 кога бев како пенливо шампањско што ти го пиеше со пријателите, ниту за моите 35 кога бев како отстојан коњак, кој ти го делеше со комшијата, туку пијам за моите 50, кога сум како кисела зелка која ти со задоволство би ја замезил, ако не ти беше тап ножот…

Сподели на Facebook
пати видено