Дајте му шанса на вашиот математички талент, кој веројатно сте го криеле сето ова време. На крајот на краиштата, школските години се зад нас, а теоремите на Питагора сѐ уште остануваат во главата. Ако решите барем една од овие загатки, вие не само што ќе го докажете вашето знаење, туку и ќе се чувствувате како Ајнштајн.

Решенијата се на втората страна.

Ниво 1

Да почнеме со наједноставното.

Без користење на калкулатор, решете го следниот пример.

Дали успеавте? На следното ниво, освен математички способности, се применува и генијалност.

Ниво 2

Езеро е обраснато со лилјани. Секој ден нивниот број се удвојува. Познато е дека целото езеро ќе биде обраснато за 42 дена.

За колку дена ќе биде обраснато половина од езерото?

Ниво 3

Индијанецот Перо му служел на својот народ. Тој ги истребил криминалците и им помагал на сиромашните. Тој имал револвер со простор за 6 куршуми, од кој толку брзо стрелал што луѓето кои барем еднаш го виделе го викале Убиец. Интервалот помеѓу 1-виот и 6-тиот истрелан куршум бил 5 секунди. Тој прецизно насочувал и го дополнувал своето оружје меѓу истрелите. Кога се движел низ селото, видел едно младо босо момче, кое го воделе 3 застрашувачки темни фигури. Единствениот начин да го спаси детето е да пука во бандитите. Перо пресметал дека има само 2 секунди да го стори тоа.

Прашање: Дали има доволно време да пука 3 пати?

Ниво 4

Два возови се движат во спротивни насоки. Тие тргнале во исто време. Еден од нив оди од Битола во Скопје, вториот – од Скопје во Битола. Тие ќе пристигнат до нивната дестинација за 1 час и 4 часа, соодветно, откако ќе се сретнат еден со друг.

Прашање: Колку едниот воз е побрз од другиот? Зошто?

Ниво 5

Чистачот на прозорци дошол во една голема корпорација за да ја заврши својата работа. Имал скала од 25 метри, што се наоѓала поставена на 7 метри од основата на објектот. Но, горниот дел на скалата се лизнал за 4 метри надолу, така што и растојанието од ѕидот до долниот дел на скалата се зголемило.

Прашање: На која оддалеченост од ѕидот се наоѓа долниот дел од скалата после лизгањето?

Решенијата се на втората страна

Сподели на Facebook
пати видено