Секој родител некако се соочува со фактот дека детето кажува лаги. И ова е нормално, затоа што децата ја развиваат својата имагинација и се социјализираат.

Но што да направите ако се сомневате дека вашето дете може да влезе во опасна ситуација и кога лагата може да наштети: тие се малтретирани во училиште, некој наставник им направил нешто и им запретил да не зборуваат, се тепале со некого и го кријат тоа и слични ситуации. Како да му помогнете на детето, а притоа да не ве лаже и да ви ја каже вистината?

1. Внимателно избирајте ги зборовите

Обидете се да не реагирате негативно на однесувањето на детето – со викање, закани и казни. Вашето однесување ќе предизвика страв кај вашето дете. Внимавајте на тонот и обидете се да не ги употребите обвинувачките зборови (украл, лажел, разочарал). Заедно размислете како можете да ги поправите престапот: детето да го најде излезот од ситуацијата под строгите упатства. Нека знаат дека, и покрај фактот дека ве излажало, вие сѐ уште останувате семејството и сте заедно.

2. Олеснување на стравот

Главната причина за тоа што не сакаат да признаат што направиле е стравот. Страв да се биде казнет, неразбран, посрамен, или да предизвика негативни емоции и реакции. Помогнете му на вашето дете да го надмине овој страв. Покажете му дека доколку е потребно, можете да го заштитите, морално да го поддржите. Разговарајте со детето со доверлиб тон. На пример: „Ако ми кажеш што се случило само јас ќе знам за тоа.“ Или убедете го детето дека доколку ја каже вистината нема да му се налутите.

3. Дозволете му на детето да се одбрани себеси

Нема потреба да поставувате прашања на кои веќе го знаете одговорот. На пример, наместо заканувачкото: „Зарем не ја заврши домашната работа досега?“ пробајте со: „Кога планираш да го напишеш домашното?“ Ако детето навистина не ја напишало домашната работа нема да има потреба да ве излаже туку ќе си го спаси образот и ќе ви каже кога планира да ја заврши обврската.

4. Покажете дека сте на негова страна

Освен страв од некаква казна, детето чувствува и друг вид на страв, од вашата емоционална реакција – осуда, разочарување, недоразбирање. Покажете сочувство. Покажете дека го разбирате, или обидете се да го разберете детето ако ви ја каже вистината. Дозволете му на детето да разбере дека ако тој се отвори кон вас, тогаш ништо страшно нема да се случи. Доколку покажете дека последиците не се толку лоши како што очекува детето ќе ви ја кажува вистината.

5. Поттикнувајте ја искреноста

„Мамо ќе ти кажам нешто, ама немој да се лутиш?“, кога ќе ја слушнете оваа фраза очекувате нешто негативно. Но имајте во предвид дека детето е свесно дека направило нешто погрешно, а сепак ви ја кажува вистината спремно да се соочи со последиците. Ова е важно и треба да се пожали, кажете му надетето дека ја цените неговата искреност и помогнете му да ги исправи последиците од неговата постапка.

Често пати детето првин лаже, а потоа ја кажува вистината, а кога ќе ја каже родителите ја нагласуваат лагата. Тогаш децата најчесто си помислуваат: „Нема никаква разлика во тоа дали лажам или ја кажувам вистината – сепак ме казнуваат.“ Затоа искреноста секогаш треба да се процени и да се поттикне искреност.

Сподели на Facebook
пати видено