Често се случува луѓе да тврдат дека се реинкарнација на други луѓе.

Понекогаш е очигледно дека овие тврдења се лажни, но понекогаш „реинкарнациите“ кажуваат информации од интимен карактер кои би можеле да ги знаат само најблиските на починатата личност.

5. Рајан

Рајан кој е роден во 2005 година, тврди дека е реинкарнација на починатиот Марти Мартин, кој починал пред 50 години. Детето во препознало Марти на фотографија, раскажало за неговиот живот како менаџер на таленти, за тоа како изгледала неговата куќа, дека сакал да се сонча, имал слугинка од афроамериканско потекло, две сестри и други клучни информации кои подоцна биле потврдени како точни.

4. Емин Ѓиновци

Емин од Косово тврди дека е реинкарнација на Адолф Хитлер, откако луѓето почнале да му кажуваат дека многу личи на него. Тој учествувал во војната помеѓу Косово и Србија и изјавил дека како и хитлер ги смета Србите за свои непријатели.

Тој целосно е внесен во улогата на Хитлер и со себе секогаш носи свастики и книгата на Хитлер, Мајн Кампф. Тој исто така има и свастика на неговата визит-карта.

3. Шанти Деви

Во 1930-тите, девојче по име Шанти Деви тврдело дека е реинкарнација на почината жена од Индија по име Лугди Баи, која починала од компликации при породување. Малата Шанти не зборувала кога била помала, но кога зборувала тоа било само за нејзиниот сопруг и детето.

Таа рекла дека нејзиниот сопруг, по име Кедарнат, живеел во Матхура, и имале син. Таа го опишала нејзиниот сопруг, неговата продавница и неговата куќа. Таа, исто така, го опишала начинот на кој таа се облекувала и сите работи кои ги правеле заедно.

Семејството го сфатило девојчето сериозно кога им опишала како починала, бидејќи не било можно толку мало девојче да знае толку стручни медицински изрази. Таа го препознала „нејзиниот сопруг“, иако се обиделе да ја измамат и ѝ кажале дека тоа е братучедот на починатата Лугди.

Махатма Ганди дури избрал 15 луѓе за да ги истражат тврдењата на Шанти, но не успеале да докажат дека девојчето лаже, затоа што ги знаела сите детали за починатата жена, па дури и каде стоеле нејзините работи во куќата на нејзиниот сопруг.

2. Кралот Артур Пендрагон

Џон Ротвел, кој законски се преименувал себеси во Артур Пендрагон, вели дека е реинкарнација од легендарниот крал Артур Пендрагон. Џон бил обичен бајкер до 1986 година кога „сфатил“ дека живото на Артур и неговиот се премногу слични и дека тој е негова реинкарнација.

За да ја запечати својата нова позиција како крал, тој го формирал Лојалното друштво на Артур, а некои од неговите приврзаници ги прогласил за витези. Сепак тој се соочил со неколку проблеми како Крал Артур од 21-век, бидејќи не сакал да плаќа паркинг во Стоунхенџ, додека ги одржувал неговите говори, па затоа бил даден на суд.

1. Лук Руехман

Лук имал само 2 години кога почнал да тврди дека е реинкарнација на жена од Чикаго, по име Пем. Неговите родители мислеле дека станува збор за „невидливо пријателче“ и не обрнувале многу внимание, но кога го прашале која е Пем се шокирале.

Лук им објаснил дека се викал Пем во претходниот живот, живеел во Чикаго, починал во пожар и Господ го вратил на земјата како бебе. Неговата мајка Ерика почнала да истражува и дознала дека жена по име Пем Робинсон починала во пожар во Чикаго во 1993 година. Неговото семејство тврдело дека никој порано не му зборувал за Чикаго, а за да бидат работите уште почудни тој веднаш ја препознал Пем откако му биле покажани фотографии од повеќе различни жени.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено