Тајни мисии, двоен живот, постојана опасност да бидат откриени. Животот на професионален шпион е најблиска верзија на акционен филм во вистинскиот живот. Овие 5 луѓе се откриени дека стојат зад некои од најкомплицираните меѓународни афери во историјата. Сепак, можеме да кажеме дека најдобрите шпиони се оние кои што никогаш не биле разоткриени.

1. Павел Судоплатов

Судоплатов бил украински државјанин кој работел за советската разузнавачка служба повеќе од три децении. Тој бил вмешан во некои од најпознатите епизоди на шпионажа во светската историја, но неговата прва мисија не била атентатот на украинскиот националистички лидер Евгениј Коновалец. Судоплатов ја убил својата цел, давајќи му кутија чоколади во кои имало бомба и наредбата дошла директно од Сталин. По оваа „иницијација“, му било наредено да изврши атентат врз друг „непријател на партијата“ – марксистички револуционер и политичар Лав Троцки. За време на Втората светска војна Судоплатов се фокусирал главно на поддршка на советските герилски и саботажни активности, но од 1944 година, тој бил поставен за шеф на новиот разузнавачки оддел – Оддел С. Целта била јасна – да се помогне и да се обезбеди советскиот проект за атомска бомба. Подоцна, во своите најпродавани мемоари, Судоплатов се пофалил дека тој лично организирал кражба на „атомски тајни“ од САД, но и двете држави го негирале тоа. Во 1953 година тој станал персона нон грата, заедно со неговиот долгогодишен соработник Лаврентиј Берија и тој поминал 15 години во затвор за неговите злосторства. Тој починал во 1996 година на возраст од 89 години.

2. Халина Сзуманска

Халина била сопруга на последниот полски воен аташе во Берлин и исто така еден од најефикасните и продуктивни агенти на британската МИ6. Оваа дама била регрутирана во нејзините доцни 30-ти години во Берн, Швајцарија, каде што емигрирала со своето семејство од окупираната Полска. Преку мрежата на полски офицери, таа била поврзана со британската разузнавачка служба. Нејзината мисија била да обезбеди информации за сојузниците и адмиралот Вилхелм Канарис, шеф на германската организација за воена разузнавачка служба, позната како Абвер. Како што стоело во нејзиниот дипломатски пасош, тие двајца редовно се состанувале на дискретни средби во Италија, каде што разменувале многу клучни информации. Нејзината улога била навистина многу важна – всушност, таа била посредник меѓу сојузниците и германските антинацистички заговорници. Таа лично била одговорна за информирање на сојузниците за нацистичките планови за напад на Франција и Бенелукс во 1940 година, а подоцна и во 1941 година, дури и за Советскиот сојуз. Таа не била откриена за време на војната и продолжила да живее среќен семеен живот во Британија.

3. Душан Попов

Дали знаевте дека вистинскиот Џејмс Бонд е роден во Србија? Неговото име било Душко Попов и тој живеел екстравагантен живот како плејбој двоен агент кој служел за МИ6, МИ5, германски Абвер, па дури и американскиот ФБИ за време на Втората светска војна. Попов бил итар, паметен и многу харизматичен човек кој имал докторат по право и бил многу талентиран коцкар, а исто така се разбирал и во трговијата и економијата. Тој крадел нацистички пари за Британците, изградил шпионска мрежа во САД за Германците, ги шпионирал Германците и Јапонците за Американците. Веројатно, најважната информација што некогаш ја дал била во врска со подготовката на нацистите за озлогласениот напад на Перл Харбор. Тој го предупреди Едгар Џ. Ховер од ФБИ за тоа, но тврдоглавиот разузнавачки шеф не го сакал Попов и одлучил да го игнорира. Ховер ја покрива најголемата грешка во својата кариера до крајот на својот живот, но Британците на крајот откриле и ги декласифицирале документите што го докажале предупредувањето на Попов во 1972 година. Во 1981 година, хедонистичкиот начин на живот на Попов со пушење и алкохолизам го довел до неговата пропаст, тој почина во Франција на 69 години. Но легендата за него ќе живее вечно.

4. Вацлав Јелинек

Иако бил роден во близина на Прага како Вацлав Јелинек, тој со децении живеел под името Ервин вон Харлем. Наместо да избере потполно лажно име, овој комунистички шпион го украл идентитетот на исчезнат човек, кој бил роден од холандско-еврејска жена откако била силувана од нацистички војник кој подоцна исчезнал без трага. Јелинек бил регрутиран од злогласната чехословачка тајна полиција СТБ и се преселил во Лондон во јуни 1975 година, користејќи холандски пасош, незаконски добиен во името на ван Харлем. Тој работел во Хилтон Хотелот и го шпионирал Обединетото Кралство и САД, за СТБ и неговиот руски колега КГБ. Најтешкиот дел од неговата служба дошол во 1977 година кога Јелинек бил контактиран од Јохана вон Харлем – мајка на вистинскиот Ервин вон Харлем, која била убедена дека конечно го пронашла својот син. На Јелинек му било наредено од неговите претпоставени да ја одигра својата улога, па дури и отишол во посета на „неговото“ семејство во Холандија. За жал кутрата Јохана се сретнала со нејзиниот син дури во 1992 година. До тогаш, Вацлав Јелинек веќе ја одлежувал својата десетгодишна затворска казна за шпионажа во британскиот затвор. Сепак, Вацлав Јелинек се вратил во својата татковина откако бил ослободен од затворот и моментно живее некаде во Прага и ужива во својата пензија …

5. Ана Чапман

На 27 јуни 2010 година, Ана Василиевна Чапмен (родена Кушченко) била уапсена во Њујорк, заедно со уште девет други Руси, под сомневање дека работеле за озлогласениот шпионски синџир познат како „Програма за илегалците“. Тогаш 28-годишната ќерка на висок функционер на КГБ била разоткриена од рускиот разузнавач Александар Потејев (подоцна бил осуден за предавство во отсуство од страна на Русите) и се изјасни за виновна за обвинение за заговор да дејствува како агент на странска влада. Таа и останатите најверојатни биле дел од „заспана ќелија“ и чекале да бидат назначени за мисија. Чепмен била депортиран од САД на 8 јули 2010 година, како дел од договорот за замена на затвореници и оттогаш станала позната во Русија. Како надоместок, таа била назначена во јавниот совет на Младинската гарда на Обединета Русија. Таа почнала да пишува колумни за весници, па дури и била водителка на својата телевизиска емисија наречена Тајните на светот. Исто така Ана е и модел. Во јули 2013 година Чапман повторно го привлече вниманието на медиумите во светот со јавно барање до Едвард Сноуден да се ожени со неа. Очигледно, тој не прифатил…

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено