Водопадот, кој се наоѓа во националниот парк Као Јаи, јужен Тајланд, е познат локално како Хаув Нарок (Водопадот на пеколот).

За жал тој го оправда својот назив кога однесе 6 животи. На дното на водопадот било пронајдено безживотното тело на мало слонче, а околу него и телата на 5 возрасни.

Два слона исто така гледале од работ на карпата, па властите биле повикани да ги поместат на друго место. Хаув Нарок е составен од три капки во висина од над 150 метри. Тој е популарна туристичка атракција, но по смртта на слоновите ќе биде недостапен за туристите неколку дена.

Претставниците на паркот се упатиле на местото на настанот откако слушнале како слонови „плачат“. Таму забележале бебе слон како се заглавило под водопадот, а два слона очајно се обидуваат да дојдат до него, додека уште неколу има околу нив, но мртви.

Слоновите се потпираат едни на други за заштита и пронаоѓање храна, а како резултат на инцидентот Едвин Виек, основачот на Фондацијата Пријатели на дивиот свет, Тајланд, рече дека сите слонови што останале во стадото ќе имаат потешкотии да преживеат.

Инцидентот, исто така, би можел да нанесе емоционална тага на животните бидејќи се знае дека слоновите покажуваат знаци на тага.

Сподели на Facebook
пати видено