Светот е полн со историски богатства. Некои од нив можеме целосно да ги разбереме и да ги истражиме, а некои од нив можеме само да ги набљудуваме и да се воодушевуваме на нивната грандиозност и неверојатната способност на древните цивилизации.

Гобекли Тепе, Турција

Мистериозниот археолошки комплекс е тркалезен и има висина од 15 метри и со дијаметар од 300 метри. Тој бил откриен во едно истражување во 1960-тите, кога археолозите откриле серија варовнички плочи и столбови во форма на Т, од кои некои се високи повеќе од 10 метри. Заинтригирани од ова импресивно откритие, истражувачите направиле тестови и откриле дека археолошкиот комплекс е стар 11.000 години (или 6.000 години постар од Стоунхенџ). Дури и почудно е тоа што, освен што луѓето не ги поседувале главните алатки за изработка оваа напредна структура била изградена на место без близок извор на вода.

Всушност, целиот аранжман на огромните камења се чинел дека има некоја церемонијална цел, бидејќи во близина не се пронајдени остатоци од ѕидови,или куќи, за да се фрли сенка врз начинот на живот на блиските жители. Поради таа причина, Гобекли Тепе се нарекува и „најстариот храм изграден од човекот“.

Ерихон, Палестинска автономија

Се смета дека Ерихон е „најстарата населена населба“. Градот е сведоштво за триумфот на човечката „уредна“ цивилизација. Ерихон бил населен со номадски ловци кои ги граделе своите домови во центарот. Овој неверојатен премин од номадските традиции до седентарен начин на живот е очигледен благодарение на доказот дека пченицата и јачменот се одгледувале во Ерихон, како и остатоците од ножеви и српови.

Овие импресивни остатоци се надополнети со уште поинтересни урнатини, вклучувајќи и огромен ѕид долг 800 метри со одбранбена кула со дијаметар од 10 метри. Археолозите дури откриле и остатоци од уште поголемо населено место изградено на истото место во 7000 п.н.е., откако главниот град бил уништен во пожар.

Хипогеум Хал Салфиени, Малта

Хипогеум Хал Салфиени е единствениот познат праисториски подземен храм во светот. Бил откриен сосема случајно во 1902 година. Хипогеум има три нивоа, а најниското започнува на 10,5 метри под земјата. Судејќи според времето кога бил изграден, археолозите одлучиле дека овие подземни комори се издлабени со користење на многу едноставна опрема – креми, камења и рогови. Хипогеум најверојатно бил изграден како подземно засолниште, но подоцна се претворил во костурница, судејќи според коскитњ на над 7.000 луѓе. Меѓутоа, најинтересното за оваа место е неговиот неверојатен акустичен квалитет.

Њугрејнџ, Ирска

Њугрејнџ не е толку познат како негвиот „родинина“ Стоунхенџ, но вистината е дека тој е постар од пирамидите во Гиза и не е помалку мистериозен. Првично поврзан со митските кралеви и богови населени на ридот Тара, Њугрејнџ јасно ја покажува добрата инженерска мисла на жителите во областа. Могилата опфаќа површина од 1 хектар, со внатрешен премин долг 16 метри што ја поврзува едната страна со централната комора и понатаму се разгранува на три дела. Целиот насип е покриен со куп камења, кои според археолозите тежат 220 507 тони.

Што се однесува до мистериозната дел на објектот – иако срруктурата е огромна, Могилата чува посмртни остатоци на само 5 лица. Освен тоа, историчарите и археолозите сè уште не можат да откријат како биле пренесени овие огромни и тешки камења? Колку луѓе учествувале во изградбата (особено со оглед на тоа што немало многу население во областа). Зошто некои камења се украсени?

Пон де Гар, Франција

Пон де Гар е со висина од 49 метри и е долг 274 метри. Тој гордо ги покажува архитектонските и инженерски способности на Римјаните. Дизајниран (некаде кон средината на I век) за снабдување со свежа вода во градот Ним, овој аквадукт е само дел од огромна инфраструктура која го поврзува градот со изворот на вода (реката Гардон).

Археолозите веруваат дека неговата цел е постигната успешно, имајќи предвид дека тие превезувале 409 литри вода по човек дневно, а градот Ним во тоа време бил дом на повеќе од 50.000 луѓе.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено