Запознавањето со нови луѓе е едно од најдобрите нешта во животот. Во почетокот секој од вашите пријатели, познаници, колеги, бил непознат за вас и не сте можеле да препознаете за каква личност се работи. Или пак сте можеле? Постојат пет прашања чии одговори можат да ви откријат многу за некоја личност. Тие се особено корисни и за менаџери кои често спроведуваат интервјуа за работа.

1. Како би се опишале?

Тука нема ништо конкретно, не го терате човекот да си го опише карактерот или пак себе како професионалец. Важно е што ќе избере да одговори. Срамежливите луѓе се служат со зборови како „доследен“, „набљудувач“, додека екстровертите избираат повеќе експресивни зборови “интелигентни”, “амбициозен”, “енергичен”.

2. Кое е Вашето најголемо достигнување?

Одговорот ќе ви открие неколку клучни работи. Каде е фокусот на човекот – дали ќе посочи лично или професионално достигнување? Како и пред колку време го постигнал успехот, колку време му е било потребно? Ако се мисли подолго време значи дека нема големи достигнувања.

3. Која е последната добра книга која сте ја прочитале?

Така ќе дознаете повеќе за нивните ставови. Некој може да ви каже дека не чита книги, или да ви посочи некој училишен роман, колку да каже нешто. Оние кои навистина читаат ќе ви откријат нешто за себе преку жанрот на книгата.

4. Која е Вашата работа од соништата?

При интервју за работа, најверојатно ќе ја наведат работата за која аплицираат. Други, пак, може да покажат креативност, опишувајќи сеуште непостоечка професија. Ако се гледа дека човекот детално размислувал на оваа тема, тоа значи дека е интелигентен и има точна претстава што сака од животот.

5. Кој е Вашиот личен херој?

Некои ќе посочат член од семејството, други – познат научник, спортист, пејач или актер, трети ќе кажат некој популарен претприемач. Со одговорот ќе дознаете повеќе за вредностите на човекот. “Херој” е силен збор и за да декларираме некој како таков, мора да се пронаоѓаме во неговиот карактер.

 

Сподели на Facebook
пати видено