Самоубиството е трагична реалност која што нанесува многу болка на семејството на оние кои го извршиле. Тоа води до многу неодговорени прашања, од кои главното е „Зошто?“. Иако никој не би требало да се игра со оваа болна тема постојат луѓе кои го искористиле самоубиството во своја корист.

5. Мартин Колман

На 25 април, 2017 година полицаецот од Тексас, Мартин Колман и рекол на сопругата дека ќе излезе за да ја разбистри главата. 15 минути подоцна и пратил слика од последната порака и напишал дека ќе се удави. Сопругата веднаш се јавила во полиција и почнала потрага по него. автомобилот бил пронајден до езерото Амистад во близина на границата со Мексико. Во него имало сплав на надувување кој бил превртен. Полицијата потоа разговарала со љубовницата на Мартин која потврдила дека Мартин и пишал е-маил во кој пишувало дека неговата мисија е успешна и сега е во Мексико. По дне недели Матрин се вратил во Тексас и бил уапсен. Никој не знае зошто го лажирал самоубиството.

4. Роберт Андронук

На 30 ноември 2016 година на еден мост во Канада полицијата пронашла напуштен автомобил со проштално писмо во него. Писмото било до госпоѓицата Андронук од нејзиниот 70-годишен татко Роберт. Роберт тврдел дека се самоубил затоа што имал проблеми со финансиите и имал неколку оптужби дека сексуално злоупотребувал малолетни лица. Полицијата продолжила да истражува и откриле дека во периодот пред да се „самоубие“ братот на Роберт поднел барање за нов пасош а на пасошот била фотографија од Роберт, исто така Роберт извадил и голема сума на пари од банката. Полицијата го пронашла Роберт жив преку рутинска контрола на сообраќајот и тој бил изведен пред судот за сите негови дела.

3. Такер Бландфорд

Алекс Ланчестер од Британија студирала во САД и таму го запознала Такер Бландфорд. Тие се заљубиле еден во друг и пред да се врати Алекс во Британија, Такер ја запросил и тие почнале да ја планираат свадбата. Но, Такер почнал да се предомислува и решил да и се јави на Алекс и да се преправа дека со неа зборува неговиот татко. Тој и кажал дека Такер се самоубил така што скокнал пред автомобил во движење. Алекса била скршена, но собрала сили за да се јави на мајката на Такер за да и изрази сочувство. Мајката на Такер била шокирана која девојката и се јавила и тука измамата била откриена. Приказната завршила и во медиумите а Такер изјавил дека тој е „одвратна, ужасна личност, но не знаев што друго да сторам.“

2. Фемида

Фемида е жена од Индија која сакала да се разведе од нејзиниот сопруг, но знаела дека тоа е скоро невозможно според нивната традиција. Затоа таа решила да изврши убиство за да го лажира своето самоубиство. Фемида намамила 80-годишна жена бездомник во нејзиниот дом, така што и ветила храна. Таа ја убила жената и го запалила нејзиното тело, а оставила и проштално писмо. Полицијата заклучила дека се работи за самоубиство, но Фемида направила грешка и се вратила на местото на злосторството затоа што и текнало дека заборавила да се ослободи од облеката на жената. Тогаш била уапсена од полицијата.

1. Самоубиствен пакт

На 14 март, 2017 година Катрина Гос го пронашла нејзиниот 11-годишен син, Тајсен обесен во неговата детска соба. Уништената мајка не можела да сфати зошто тој го направил тоа затоа што се донесувал нормално до пред неколку часа. Дури подоцна со истрагата заклучиле дека 13-годишната девојка на Тајсен и нејзиниот пријател го излажале момчето дека неговата девојка се самоубила, а потоа Тајсен му напишал дека и тој ќе го стори истото. Неговата девојка сакала да го тестира за да види дали Тајсен навистина ја сака, но нејзиниот „тест“ предизвикал трагедија. Поради годините имињата на тинејџерите не се откриваат, но тие моментално се под судска постапка.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено