Мелезите не добиваат доволно внимание како расните кучиња. Тие најчесто завршуваат на улица, додека вторите се продаваат за стотици евра. Но, постојат многу соптвеници и љубители на кучиња кои ќе потврдат дека мелезите се поздрави и попаметни од „чистокрвните“ раси на кучиња. Кога се работи за милениците важна е љубовта која им ја пружаме, а не нивното потекло. Овие неколку мелези покажуваат дека расата не игра голема улога за вештини и успех.

Хигинс

Едно од најпознатите кучиња-актери е кучето Хигинс. Хигинс е мелез од шпаниел и бил посвоен од тренерот на кучиња Френ Ин во 1960-тите. Френк изјавил дека го земал Хигинс затоа што можел да прави различни гримаси и имал многу експресивно лице. Првата улога на Хигинс била на телевизиската емисија „Petticoat Junction“ и тој бил толку добар што се појавил во 6 од 7 сезони на шоуто. Хигинс имал извонредна способност да пренесе широк спектар на емоции преку неговите изрази на лицето. Тој учел нов трик секоја недела и Френк велел дека е најпаметното куче со кое некогаш работел. Хигинс е најпознат по неговата улога во филмот „Бенџи“ од 1974 година.

Боби

Додека бил на семејно патување во Индијана во 1923 година, Боби, 2-годишниот мелез од коли, овчар, се разделил од неговите сопственици. Бидејќи не можеле да го пронајдат Боби семејството се вратило во нивниот дом во Орегон, но шест месеци подоцна Боби се појавил на нивниот праг, изгладнет и со истрошени нозе до коските. Тие сфатиле дека Боби најверојатно пеш го поминал патот од над 4.000 километри, а кога медиумите слушнале за настанот, кучето станало ѕвезда. Познат како „чудесно куче“ Боби се глумел себе си во филмот „The Call of the West“ во 1924 година, а кога починал во 1927 година кучето Рин Тин Тин положило венец на неговиот гроб.

Синбад

Синбад, бил член на американската крајбрежна стража кој служел 11 години на патеката USCG Џорџ В. Кембел, па дури и видел борба за време на Втората светска војна. Тој бил полноправен член на крајбрежната стража затоа што имал официјалната документација и потпис со шепа. Никој не знае од која раса потекнува Синбад, а во една статија го опишале како „во него има малку булдог, малку добераман и што уште не.’“

Спајк

Обучувачот за животни Френк Ветервакс го откри овој мелез од мастиф и лабрадор во засолниште во Калифорнија и започнал да го тренира уште како кученце. На крајот, Спајк станал една од најголемите ѕвезди на Ветервакс, во секоја смисла на зборот. Не само што Спајк имал 80 килограми туку и глумел во филмот „Old Yeller“ од 1957 година и се појави во филмот „A Dog of Flanders“ и во „Мики Маус клуб“.

Лајка

Земена од улиците на Москва, Лајка била мелез од самоед и териер. Таа била обучувана заедно со две други кучиња, а потоа избрана да биде ставена на Спутник 2 во 1957 година и да стане прво животно кое орбитирало околу Земјата. За жал, планот не бил Лајка да се врати жива. Таа починала од преголема загреаност на нејзината кабина, а нејзиното тело се запалило кога сателитот се вратил на Земјата. Иако Лајка не преживеала, таа оставила трајно наследство.

Сподели на Facebook
пати видено