Човечкото општество напреднало многу во поглед на сочувствителниот и човечки пристап кон казнувањето. Смртните казни кои сѐ уште се задржани во некои држави не можат ни да се споредат со овие форми на најтешката казна.

Палење на клада

см01

Палењето на клада бил еден од омилените методи на казнување на непослушните кон католичката црква или кон оние кои биле обвинети за вештерство и договор со ѓаволот. Смртта не настапувала од жештината и пламените, жртвите се задушувале од чадот или умирале од камењата фрлани кон нив од толпата.

Варење и пржење

сл02

Се собирале огромни толпи за овој посебно ужасен вид на погубување со варење. Жртвите ги ставале во огромен сад со вода или масло кој полека се загревал. Прво жртвите добивале изгореници од трет степен, потоа ќе почнело да се топи масното ткиво, при што се покажувало голото месо. Потоа веројатно настапувал шок и жртвата умирала во страшни маки.

Распнување

сл03

За оние кои сакале јавно да понижат и да дадат за пример што може да им се случи на непослушните, распнувањето било крајна форма на смртна казна.

Осуденикот бил соблекуван и закачен на специјално изработен крст или некое погодно дрво со јажиња или шајки. Потоа биле оставени да умрат со бавна и болна смрт. Понекогаш им се кршеле нозете или им се нанесувале други повреди при почнувањето на погубувањето, но тоа требало да биде бавно умирање како предупредување за другите.

Набивање на кол

сл04

Како и распнувањето, набивањето на кол се користело како средство на заплашување и пример за другите непокорни. Процесот на набивање на кол бил побрз од распнувањето, поради што често се применувало на бојните полиња, особено во текот на средниот век.

Бесење, давење и черечење

сл05

Предавството вообичаено се казнувало со обесување сѐ додека казнетиот речиси не умрел, по што се парчосувал и деловите од неговото тело пак биле обесувани како пример. Понекогаш черечењето го правеле луѓе, но најчесто се вршело така што рацете и нозете се врзувале за четири коњи и потоа спотерани да трчаат во различни правци така распарчувајќи ја жртвата.

Сподели на Facebook
пати видено