Александар Грејам Бел бил роден во Шкотска и имал американско државјанство, но во последните години од својот живот живеел во Нова Шкотска, Канада. На возраст од 38 години, Бел живел во Вашингтон и се занимавал главно со работи поврзани со патентирање на телефонот. Тој прочитал книга во која Бадек во Нова Шкотска е опишан како „најубавиот град“ и тој се преселил таму со негвото семејство и останал таму до неговата смрт.

1. Првата страст на Бел била да им помогне на глувите

Главната цел на Александар Бел била да им помогне на глувите ученици во нивната комуникација. Бидејќи и неговата мајка и неговата сопруга биле глуви, тие станале инспирација за неговата работа. Во 1872 година, кога имал 25 години, Бел отвори училиште за вокална физиологија и говорна механика во Бостон.

2. Телефонот бил создаден од љубов и за љубов

Една од ученичките на Бел била и Мејбл Хубард, која била од богато семејство од Масачусетс. Бел се вљубил во неа, но таткото на Мејбл, кој бил адвокат, се спротивставил на нивниот брак поради нискиот приход на Бел. Само неколку дена по основањето на Bell Telephone Company, кога неговите финансии биле обезбедени, Бел се оженил со Мејбл. На бирото Бел чувал слика од неговата омилена Мејбл, а на задната страна напишал: “„евојката за која е создаден телефонот“.

3. Направил „поголем“ изум од телефонот

Во 1880 година, француската влада му доделила 50.000 франки на Бел за креирање на телефонот. Со парите што ги заработил, тој ја отвори лабораторијата „Волта“, посветена на „зголемување и ширење на знаења за глувите“. Голем дел од активноста на Бел била поврзана со помош на глувите. Бел, исто така, верувал дека фотофонот, друг уред, бил „најголемиот изум што го направив, поголем од телефонот“. Фотофон е дизајниран за оптичка безжична комуникација, технологија која била добро напредната во 1880-тите.

4. Бел секогаш им помагал на другите

Луѓето во Бадек сé уште ја раскажуваат приказната дека Бел некогаш одел по главната улица во градот и видел дека уредникот на локалниот весник имал проблем со неговиот телефон. Бел отишол и набрзина ја расклопил слушалката и пронашол заплавена мува во неа. Зачудениот уредник го прашал како таков странец може да поправи комплициран уред на што Бел одговорил – „Успеав затоа што сум креатор на уредот“.

5. По смртта на Бел, телефонските компании му оддаваат почит

Александар Бел починал во својот дом во Нова Шкотска на 2 август 1922 година. Обично луѓето практикуваат минута молчење кога некој ќе почине, но во случајот со Бел се случило нешто навистина неверојатно. Секој телефон во Северна Америка бил запрен за една минута „во знак на почит кон мажот кој му даде на човештвото начин на директна комуникација од далечина“.

Сподели на Facebook
пати видено