Кога ќе се случат ужасни работи најчесто луѓето на кои им се случило тоа и најблиските на жртвите сакаат трагедијата да остане во рамките на семејството. Сепак одредени ужасни дејствија биле пренесени го јавноста „благодарение“ на интернетот.

5. Убиец со координати

На 29ти ноември 2011 година корисник на „4chan“ споделил фотографија од 18-годишната Емили Сандер, која исчезнала пред неколку дена и до фотографијата напишал: „Ако некој може да го погоди сопствениот број на постови ќе ги објавам координатите каде што е закопана.“ Кога некој го направил тоа убиецот ги ставил координатите “37.761962 N, 96.210194 W.”, кои воделе до рурално место во Канзас. Таму полицијата го пронашла телото на Емили, само еден час откако постот бил објавен. Девојката била брутално претепана и силувана. Подоцна за убиството бил уапсен Исраел Миралес.

4. Смртоносен филм

Во 2011 година Џеред Ли отворил оган врз луѓето кои биле на паркингот пред супермаркет во Аризона. Тој убил 6 луѓе и ранил 13. За да биде трагедијата уште поголема Џеред своето злосторство го снимил и го прикачил на Јутуб. Потоа тој се упатил кон неговото училиште каде што имал намера да изврши напад, но бил спречен од полицијата. Тој претходно на Јутуб каналот објавувал видеа во кои зборувал дека САД им ги пере мозоците на луѓето и дека неговото училиште е „училиште на геноцидот“.

3. Уште еден убиец од „4chan“

Во ноември 2014 година се појавила фотографија на „4chan“ од мртва, гола жена, а во описот пишувало: „Многу е потешко навистина да задавиш некој во реалниот живот, отколку што изгледа во филмовите. Проверете на вести. Нејзиниот син ќе си дојде од училиште наскоро. Ќе ја пронајде а потоа ќе повика полиција.“ Луѓето мислеле дека се работи за сурова шега поради лошиот квалитет на фотографијата. Но, неколку часа подоцна 13-годишниот син на Амбер Цоплин, го пронашол мртвото тело на неговата мајка во спалната соба. Веднаш потоа било уапсено нејзиното момче, Дејвид Калак, кој го признал убиството. Тој исто така на „4chan“ напишал дека ќе се самоубие, но очигледно не успеал да го направи тоа.

2. Господин Аниме

Господин Аниме бил Треј Сеслер, кој правел рецензии на Јутуб во врска со аниме, видео игри, а со текот на времето почнал се почесто да коментира за пушти и друго оружје. Последното видео кое што го објавил било насловено „Господин Аниме планира нешто“ и во видеото им велел на гледачите дека ќе направи мала пауза, но дека се се одвива одлично. Веднаш потоа Треј го убил неговото семејство. Со пушка го застрелал неговиот татко, брат и неговата мајка. Полицијата го уапсила во неговиот автомобил додека се возел кон локалното средно училиште. Тој сакал да убие 70 луѓе, а го убил неговото семејство за да не мора да живее со неговите злодела.

1. Непознат сериски убиец

Во 2015 година уште еден корисник на „4chan“ првин објавил фотографија од убава млада девојка, а потоа објавил фотографија од истата девојка како лежи мртва во кревет. Потоа напишал: „Убив неколку жени од задоволство. Ако можете да им ги погодите имињата ќе ставам фотографија од секоја од нив. Ако ги погодите сите имиња ќе напишам каде закопав тело во 1999 година.“ Луѓето почнале да погодуваат имиња и корисникот навистина ставил ужасни фотографии од мртви жени. Останатите корисници откриле дека првата фотографија е од девојка по име Шона Мајнард, која се води како исчезната. Полицијата била контактирана, но ниту Шона ниту наводниот убиец не се пронајдени.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено