Лесно е да бидете криминалец. Ви треба само корумпиран ум, недостаток на совест и подготвеност да одите во истиот тоалет, каде што ќе го правите виното, ако криминалната кариера не ви го донесе. Но, што се случува кога имате склоност кон зло, а во исто време сте полни со морал?

Па, некои криминални генијалци наидоа на начини да ги искористат своите вештини за општото добро. Еве за кои луѓе станува збор.

5. Фалсификаторот кој спасил илјадници Евреи

Кога младиот Адолфо Камински почнал да работи во салон за хемиско чистење не ни претпоставил дека неговото знаење за отстранување на дамки ќе го претвори во херој. Кога нацистичка Германија ја нападнала Франција, 17-годишниот Камински гледал како германските војници ја убиваат неговата мајка, а неговите други роднини биле испратени во концентрационен логор. Камински се придружил на францускиот отпор, каде што еден од неговите соработници открил дека има искуство со хемикалии за чистење. Тоа предизвикало тој да отстранува нешто што е лошо за здравјето на луѓето: зборот „Евреин“ од пасошите.

Со млечна киселина, тој успевал да го избрише мастилото од документите без да остави трага, а потоа можел да напише што сака. На 18-годишна возраст, тој стана најмладиот фалсификатор на отпорот, а веднаш потоа и најдобриот. Подготвувал 30 документи на час и сасувал околу 500 луѓе неделно.

Кога Нацистите биле протерани од Париз Камински веќе спасил над 14.000 Евреи. По војната продолжил да работи за француските тајни служби, а потоа патувал низ светот и бесплатно фалсификувал пасоши за луѓе кои бегале од диктатури.

4. Џепчија кој ограбува само за забава ( и за науката)

Аполо Робинс израснал во семејство на крадци, но поради болест во детството му биле нарушени моторните вештини и можел само да ги гледа неговите браќа како „оперираат“ во зоолошката градина. Но, со внимателно набљудување, ја открива вистинската мистерија на „занаетот“: Ако можете да откриете како размислува човекот тогаш можете да му го одвлечете вниманието со голема прецизност и да му го земете Ролексот без оглед на физичките ограничувања.

Оттогаш Робинс украл пари од Чарлс Беркли, го земал прстенот на Џенифер Гарнер па дури и ги измамил агентите на тајните служби на претседателот Џими Картер. Неговото шоу во Вегас се распродава за неколку секунди, а исто така е баран и од Холивуд за снимање на филмови кои вклучуваат џепчии. Исто така им држи часови на полицајците за тоа како да забележат џепчија.

3. Аналитичар кој може да добие на лотаријата кога ќе посака

Канаѓанецот Мохан Сривастава е геолошки аналитичар, веројатно најдобрата комбинација на зборови што некогаш биле напишани. Сѐ започнало откако еден пријател му подарил лото ливче на шега. Тој го открил алгоритамор кој го користеле за играта и постигнал неверојатен успех од 90% точност. Доколку ја употребувал својата шема можел да заработува бесконечно. Со зголемување на профитот, тоа би значело дека ќе ги намали шансите на сите други. Наместо да стане милионер, тој одлучува да ги информира организаторите на лотарија за пропустот во нивниот систем, така што никој друг нема да може да го искористи тоа.

2. Измамникот кој помага како да ги препознаеме шемите

Пол Вилсон научил како да биде измамник уште од мали нозе откако дедо му го научил како да мами на покер. Во поголемиот дел од 90-тите Пол одел по светски познатите казина ги броел картите и користел други „легални“ методи од кои можел да заработи од казината. Но, тој никогаш не бил фатен. Во 2000 година решил да ги смени улогите и почнал да ги поучува казината како да не бидат измамени од луѓето како него.

Вилсон предава за избегнување на измамнички шеми, не само на обичните луѓе туку и на големите корпорации, банкарски групи, па дури и институции како MasterCard. Но, неговиот најголем хит дојде во 2002 година, кога го направи шоуто The Real Hustle на телевизија BBRC. Во него, тој и неговите колеги деконструира шеми и откриваат како измамниците дејствуваат.

1. Крадците кои ќе „влезат“ во вашиот автомобил за да го направат побезбеден

Во дигиталната ера сè може да се пробие. Компјутери, телефони, телевизори. Сепак никој нема да биде повреден доколку му го хакирате тостерот. Но, кога станува збор за паметни автомобили, работите стануваат поинакви. Таму, хакерите можат да ја преземат контролата и да ве испратат во провалија со 200 км / ч. Но, ако вашиот автомобил е хакиран од Крис Валасек и Чарли Милер, тие само ќе го преземат радиото, ќе ви се претстават и ќе ви одржат предавање за тоа колку е небезбедна индустријата.

Со своите импресивни вештини, тие работат како сајбер-безбедносни експерти за главните играчи како Твитер, Убер, па дури и Агенцијата за национална безбедност на САД. Но, двајцата поранешни колеги сакале да се видат понекогаш во
нивното слободно време и да се ангажираат во добротворни цели.

Во 2015 година, тие објавија видео покажувајќи како ја презеле контролата врз Jeep Cherokee со хакирање на неговит систем преку мобилната мрежа. За среќа, инцидентот не завршува со жртви. Тие малку се поиграле со климата, ја малиле брзината и пуштиле песни од 90-тите.

Кога од Fiat Chrysler дознале за пропустот постапиле како и секоја голема компанија… се преправале дека не е ништо страшно. Но, некој во владата ја убедил компанијата да повлече 1.4 милиони возила и да ја закрпи безбедносната дупка. Само една година подоцна, двајцата хакери повторно докажале дека истиот систем е несигурен. И за да се осигураат дека овој пат компанијата ќе реагира прикачиле на интернет бесплатна алатка за хакирање на автомобилите.

Сподели на Facebook
пати видено