Сите ние барем еднаш сме го гледале филмот Титаник од 1997 година каде што во центарот на вниманието е љубовната приказна на Џек Давсон (Леонардо ДиКаприо) и Роуз ДеВит Букатер (Кејт Винслет).

Ова е еден од најскапите филмови на сите времиња, а исто така го држи рекордот по број на освоени Оскари и рекордот во најголема заработка. Но, сепак тој не бил првиот филм посветен на бродот Титаник.

1. „Saved from the Titanic” (1912 година)

На 14 април 1912 година во 23:40, Титаник наиде на санта мраз во средината на Атлантскиот Океан. Повеќе од 1.500 луѓе загинале. На 14.05 истата година се појавил првиот филм посветен на инцидентот. Тоа е точно – првиот филм за „Титаник“ излегува 29 дена по потонувањето на бродот. Денес, филмот има огромна историска вредност, не само поради датумот кога излегол. Во филмот глуми актерка Дороти Гибсон, која била една од 2228 патници на потонатиот брод. Таа успеала да стигне до првиот чамец за спасување и да се спаси. Репродукцијата на најлошата ноќ во животот на Гибсон е ужасна. Повремено, таа не можела да се контролира за време на снимањето, а по снимањето на филмот таа страдала од психички трауми.

2. „In Nacht und Eis” (1912 година)

Снимен во Германија, филмот првпат е емитуван на 17 август 1912 година. Филмот траел 42 минути, што е прилично долг период за тоа време. Сите верувале дека оригиналниот филм е изгубен во историјата, но во 1998 година двајца приватни колекционери обезбедиле копии од германскиот филм.

3. „Atlantic” (1929 година)

Интересно кај овој филм е дека во него ниту еднаш не се споменува дека станува збор за „Титаник“. Името не е кажано ниту еднаш, но филмот ги следи настаните кои се случиле откако голем патнички брод удира во санта мраз, по што тоне. Сепак, уредниците на некои весници сами го погодуваат она за што станува збор и го опишуваат „Атлантик“ како „филм за Титаник“.

4. „Titanic” (1943 година)

Во 1941 година Јозеф Гебелс – министерот за пропагандата на нацистичка Германија одлучил дека треба да се создаде високобуџетен филм за најпознатиот бродолом во историјата. Снимен во времето на Втората светска војна, Гебелс и сценаристот Харалд Брат гледаат на проектот како начин на кој можат да го уништат противникот, Британија. Тие го прават тоа буквално отфрлајќи ја точноста на информациите низ прозорецот. Режисерот Херберт Селпин добил буџет од 155 милиони долари. Со толку голема количина успеал да вработи работници за да изгради модел на Титаник, висок 10 метри. Селпин не доживеал да го види своето ремек-дело на пропаганда. Уште за време на снимањето бил уапсен од Гебелс и подоцна е пронајден мртов во својата ќелија.

5. „A Night to Remember” (1958 година)

Кога продуцентот Вилијам Макити имал шест години, тој го гледал Титаник како го напушта Белфаст, каде што е изграден. Ова е искуство кое Макити никогаш не го заборавил. Во 1956 година тој создал филмската адаптација на најпродаваната книга на историчарот Валтер Лорд за несреќата на бродот. Филмот е високо оценет од критичарите кои го сметаат за „историски најточен филм за Титаник што некогаш бил направен“. Кога Лорд ја пишувал книгата, тој интервјуира околу 64 преживеани од Титаник, а подоцна бил консултант при создавањето на филмот.

Сподели на Facebook
пати видено