Митовите постојат во историјата на сите народи. Тие се разновидни, мистериозни и биле интересни за слушање и читање за луѓето од минатото, а исто така ги интригираат и луѓето денес. Верувањата во луѓе со натприродна големина и способности биле широко распространети.

1. Атлас: Џин кој го држи небото

Во грчката митологија, Атлас е еден од титаните вклучени во бунтот против боговите на Олимп. Титаните ја губат битката, а Зевс го казнува Атлас засекогаш да го држи небото на рамениците. За време на 12 подвизи на Херкулес, една од неговите најпопуларни задачи е да ги земат златните јаболка од градината на Хесперидите. Атлас му нуди на Херкулес да ја заврши оваа задача, а за возврат тој да го заземе неговото место и да го држи небото.

Атлас го исполнува своето ветување и се упатува кон Евристеј (кој му ги наложува 12 подвизи на Херкулес) за да му ги даде јаболката, но Херкулес бара од Атлас повторно да го задржи небото само за една минута за тој да се одмори. Кога Атлас го држи небото, Херкулес ги земал јаболките и продолжи со своите патувања, оставајќи го измамениот џин со товарот на својата должност.

Друга легенда раскажува за времето кога Атлас се обидувал да го исплаши Персеј, па Персеј ја извадил главата на Медуза. Кога ја видел Медуза, Атлас се скаменил и се претворил во планините Атлас.

2. Балор: Окото на смртта

Во ирската митологија, Балор е крал на Фоморос, раса на џинови, за кои се вели дека се првите доселеници на Ирска. Балор, исто како Киклопите, е еден едноок џин и бог на смртта – кој ќе го погледнел во очи, веднаш умирал. Токму затоа Балор го затвора своето смртоносно око и го користи само кога е потребно. Според пророштвото, тој мора да биде убиен од неговиот внук, па ја затвори својата ќерка, Етлин во кристална кула, за да се спречи создавањето на потомство.

Сепак, богот Киан влегол во кулата кај Етлин и таа му родила три сина. Кога Балор дознал за децата, ги фрлил во морето, но еден од нив, Лу, успеал да се спаси и го подигне Мананан Мек Лир, богот на морето. Конечно предвидувањето се исполнува кога Лу го убива Балов во битка и му го вади окото.

3. Хрунгнир: Пијаниот норвешки џин

Еден ден, Один, врховниот бог, го предизвикал Хрунгрин на коњска трка. Один бил на неговиот брз, коњ со осум нозе, Слејпнир, а Хурунгир бил на обичен коњ по име Галфакси. Како што се очекувало, Слејпнир го поразил Галфакси и го насочил кон небесниот град Асгард. Один со сожалил на губитникот и кога пристигнал во Асгард, тој го поканил Хрунгнир на пијалок.

За жал џинот се напил и станал насилен, објаснувајќи како ќе ги убие сите богови во Асгард, освен божиците Фреја и Сиф, кои тој ќе ги однесе со него во градот Јитунхајм, градот на џиновите. Боговите се налутиле на ароганцијата на Хрунгнир и го повикале Тор, кој пак го предизвикал пијаниот џин на дуел. Џинот се согласил и на денот на битката се повлекува во камен оклоп со големо оружје. Тор го фрла чеканот кој го крши оклопот на џинот и го убива.

4. Кумбхакарна: Џинот со огромен апетит

Кумбхакарна е џиновски демон, опишан во санскритскиот еп „Рамајана“. Тој е огромен и има џиновскиот апетит, но благодарение на трикот што го прави божицата Сарасвати, неговиот јазик бил врзан и секој пат кога се обидувал да побара благослов, велел дека сака кревет и како резултат е осуден на спие 6 месеци секоја година.

Иако беше мирољубив, Кумбхакарна се будел толку гладен што голтал се што било околу него, вклучувајќи ги и луѓето. Откако неговиот брат Равана му барал помош во освојување на битка, а џинот спиел, 1000 слонови морале да го газат за да го разбудат. Потоа тој се приклучил на битката, но наместо да се здобие со слава, тој бил убиен.

5. Орион: Траги меѓу ѕвездите

Има многу легенди за грчкиот џин Орион. Во една верзија, тој е егзоцентричен ловец кој се фали дека може да го убие било кој ѕвер. Потоа една мала скорпија го каснала и Орион умрел. Според друга приказна, Орион е заслепен откако се обидел да ја добие Меропа за неговата сопруга и покрај противењето на нејзиниот татко. За да го поврати видот тој оди на исток, каде што живее богот на Сонцето.

Неговите зраци му помагаат на џинот и тој е излечен. Потоа Орион оди да живее и да лови со Дијана, но нејзиниот брат Аполон е љубоморен на нивната блиска врска, па кога Орион плива во водата, а од далечина главата му изгледа како мала црна точка, Аполон се обложува со Дијана дека нема да може да ја погоди. Дијана го погодила и убила Орион. Само кога неговото тело ќе се појави на брегот, таа сфаќа каква грешка направила. Страдајќи од загубата на Орион, Дијана го испратила на небото меѓу ѕвездите.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено