Дали патувањето низ времето е можно и ако е, дали некои луѓе веќе се шетаат низ времето? Погледнете ги овие стари фотографии!

1. Кинески швајцарски часовник

Во 2008 била отворена гробница стара 400 години. Археолозите биле шокирани кога помеѓу другите артефакти го нашле овој мал часовник. На задниот дел од часовникот бил изгравиран зборот „Швајцарски“. Нема никакво објаснување за тоа како овој современ часовник се нашол во гробница која не била отворена 400 години.

patuvanje-niz-vremeto-1

2. Мобилниот телефон на Чарли Чаплин

Гледачи кои ги гледале екстра деловите на филмот „Циркус“ на Чарли Чаплин од 2008 година забележале дека оваа жена изгледа како да зборува на мобилен телефон. Други тврдат дека тоа е ушна труба, уред кој го употребувале лицата кои имале потешкотии со слухот. Скептиците велат, ако тоа е вистина, тогаш со кого зборува таа? Зошто се смее и зборува ако може да се слушне само себеси таму?

patuvanje-niz-vremeto-2

3. Хипстер во 40-те на XX век

Оваа фотографија била снимена на мал настан во 1941 година. Ентузијастите кои веруваат во можноста за патување низ времето брзо забележале како овој човек се издвојува помеѓу другите. Се чии дека носи џемпер со качулка и печатена маица, а исто така тврдат и дека во рацете држи современа камера.

patuvanje-niz-vremeto-3

4. Рудолф Фенц

Во 1876 година Рудолф исчезнал без траг. Само тој факт би бил доволен да исклучи било каква можност за патување низ времето, освен што…се појавил во 1950-те. Фенц наводно се материјализирал на улица во Њујорк, кадешто бил прегазен од автомобил и умрел. Полицајците биле збунети од слученото, особено кога виделе дека во неговите џебови има само пари од деветнаесеттиот век.

patuvanje-niz-vremeto-4

5. Човекот во книгата

Една брачна двојка купиле книга од продавница за стари книги и во неа ја нашле оваа фотографија, снимена во 1917 година. Но, еден од луѓето на неа особено се издвојува. Косата му е разбушавена и неговата облека не се совпаѓа со тој временски период. Исто така, забележете како човекот до него зјапа во него, како и тој да се свесен за неговата чудност.

patuvanje-niz-vremeto-5

Сподели на Facebook
пати видено