Во последните неколку месеци се случиле чудни работи со некои поборници на алтернативната медицина и природното исцелување. Во краток временски период, петмина алтернативни лекари или мистериозно умреле или намерно биле убиени, а други пет исчезнале под неразјаснети околности.

FreeThoughtProject

За ова почнало да се пишува откако д-р Џеф Бредстрит, познат истражувач на полето на аутизмот од Флорида, бил најден со прострелна рана во градите на 19. јуни. Според полицијата, прострелната рана била самонанесена, и врз основа на тоа смртта веднаш била прогласена како последица на самоубиство.

Но, семејството на Бредстрит се сомнева дека нешто во полицискиот извештај не е во ред, па така поставиле страна за донации со цел „да се најдат одговорите за многу прашања во врска со смртта на д-р Бредстрит, вклучувајќи и темелна истрага за можноста за валкана игра.“

Само неколку дена потоа, д-р Брус Хедендал од областа на Мајами бил најден паднат врз неговиот автомобил без никаков показател за тоа што е што ја причинило неговата смрт. Деталите во врска со смртта на Хеденгал се уште помагливи отколку во случајот со Бредстрит, бидејќи тие кои го познавале тврдат дека тој бил во исклучително добра форма и здавје.

Дали е случајност тоа што и двајцата доктори пред тоа налетале во проблеми со федералните власти поради нивните холистички третмани на пациентите? Само неколку недели пред смртта на Бредстрит, во неговата канцеларија била спроведена рација од страна на американската Управа за храна и лекови.

На истиот ден кога било најдено телото на д-р Хедендал, во Флорида било најдено мртвото тело и на д-р Барон Холт. Лекарот неочекувано умрел додека бил на пат кон Џексонвил, Флорида. 33-годишниот лекар наводно се борел со некои здравствени проблеми, но ниеден од нив не му го загрозувале животот. Семејството сѐ уште ги очекува резултатите од аутопсијата, за да ја дознае причината за смртта.

Три мртви лекари, од истото поле на работа, во истиот регион – тоа дефинивно е малку сомнително. Но, не застанува тука. Д-р Тереза Сиверс, друг алтернативен лекар од Флорида, била брутално убиена во својот дом на 29. јуни.

Ужасниот инцидент ги шокирал сите кои ја познавале, вклучувајќи ги и нејзините соработници кои велат дека таа била позната како „Мајка Тереза од Јужна Флорида“. Властите кои го истражуваат нејзиниот случај велат дека ова не е случаен напад, туку дека се работи за убиство со предумисла. Тие велат дека кога ќе се откријат деталите, „за тоа ќе се пишуваат книги и ќе се снимаат филмови.“

За несреќа, броењето продолжува. На 1. јули, 34-годишната Лиза Рајли од Ли Каунти, Џорџија била пронајдена мртва во нејзиниот дом со прострелна рана во главата. Првиот осомничен е нејзиниот сопруг кој повикал полиција за да ја пријави нејзината смрт, но многумина мислат дека е наместен. Според иследниците, „нејзината смрт е мистериозна.“

Покрај тоа, извесен број на лекари се пријавени како исчезнати. Според HealthHutNews:

На 26. јуни д-р Патрик Фицпатрик исчезнал. Патувал од Северна Дакота во соседната Монтана (што го правел често, бидејќи неговиот син живее во Монтана) и неговиот камионет и приколка биле најдени оставени крај патот. Била спроведена потрага, но властите велат дека исчезнал без траг.

На 29. јуни, пулмологот Џефри Вајтсајд исчезнал додека едноставно се шетал. Д-р Вајтсајд кој бил познат по неговиот третман на рак на белите дробови исчезнал додека бил на одмор со неговото семејство.

На истиот ден кога било најдено телото на д-р Бредстрит, исчезнале и три професионални медицински лица од државата Гуереро во југозападниот дел на Мексико исчезнале без никаков траг.

Дали некоја личност или некоја организација ги оркестрира сиве овие настани. Многумина се сомневаат дека современата здравствена нега всушност е индустрија за одгледување на болни со цел остварување на профит за фармацевтските корпорации. Многу прашања остануваат неодговорени.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено