Во шоуто „90 Day Fiancé“ Дејвид од Кентаки треба да ја придобие двојно помладата вереница од Тајланд, Ени. Но, има еден проблем, Тајланѓаните имаат „скапа“ традиција според која младоженецот треба да ја опсипе вереницата со злато и пари. Дејвид по неговиот развод останал без пари, а семејството на Ени, а и таа инсистираат да се испочитува традицијата.

Дејвид не очекувал дека ќе му бидат потребни толку многу пари за да се ожени со Тајланѓанка. Тој е шокиран кога дознава дека и 50.000 долари „не се нешто посебно.“ Ени вели дека доколку нејзините родители не прифатат тие ќе раскинат. За са ги исполни желбите на семејството на неговата сакана, Дејвид ја носи Ени да купат злато за неа, кое според традицијата треба да е „11 бати“ (валута во Тајланд), што само по себе ги означува младенците, а изнесува 6.800 долари.

Затоа што станува збор за голем износ, Дејвид и предложи на Ени, да одат полека и да купуваат малку по малку. Неговата вереница многу се разочара од изјавата на нејзиниот иден сопруг и дури почна и да се сомнева дали нивната врска треба да продолжи. „Проблемот е во тоа што, таа количина ја имам, но и ја немам. Особено по разводот и откако ја изгубив работата и паднав на дното.“, вели Дејвид, кој остави депозит за да може да ги среди финансиите и да го купи златото за Ени.

Дејвид додава: „Посакував да можев да и дадам злато вредно милиони долари, би бил почестен и среќен да можев да го сторам тоа. Посакувам да можев да си го дозволам тоа. Можеби ќе добијам на лотарија.“ Ени вознемирено му вели на Дејвид: „Не сфаќам зошто има 48 години а се уште немаш ништо…Мораш да мислиш за сега, мораш да мислиш за иднината…Дали си сигурен дека ќе можеш да се грижиш за мене? Ако не се грижиш за мене само ќе речам ‘Чао!’“

24-годишната Ени е убедена дека секоја жена сака мажот да и поклонува многу злато и пари, а ист така изјавува и дека е загрижена за „парите за неа“ и се сомнева дека нејзиниот вереник ќе има доволно.  Парот има 90 дена за да се одлучи дали ќе стапат во брак, а за тоа време Ени ќе треба да оди во САД со Дејвид.

Сподели на Facebook
пати видено