Неодамна се појави на социјалните мрежи информција за 43-годишната Хинд од Дубаи, која моментално е во Македонија и бара азил поради загрозување на нејзиниот живот. Таа побегнала од Емиратите затоа што била злоставувана од нејзиниот татко и браќата, а исто така била и жртва на семејно насилство од страна на нејзиниот сопруг.

Жената моментално според објавата на социјалните мрежи се наоѓа во притвор во Гази Баба, Скопје и постои опасност да биде депортирана во Дубаи, каде што наводно треба да ѝ биде изречена смртна казна. Хинд во видеото вели дека кога побарала развод ѝ кажале дека треба да им го даде нејзиниот пасош и лична карта со цел да ѝ го „сокријат идентитетот“ и тогаш таа избегала.

Хинд во видеа објаснува дека има докази, во вид на пораки и фотографии со кои може да го докаже насилството од страна на нејзиниот сопруг. Таа вели дека како на мајка,  ѝ било тешко да ги остави нејзините 4 деца во Дубаи.

На социјалните мрежи се приложени документи во кои стои дека Хинд е одбиена за азил заради „постоење на опасност по национална безбедност“ и поради тоа можно е за неколку дена да биде вратена во родната земја.

Жената се повикува на помош од властите и невладините организации за да се спаси. На Фејсбук исто така се објавени „правила“ кои наводно ги испратил нејзиниот сопруг и според кои таа би требало да се однесува во бракот.

Сподели на Facebook
пати видено