Откако снегот ја покри Англија, 15-годишниот син на 41-годишната Натали Хокинс, Џек и кажал дека забележал бездомник кој спие во напуштен воз. Тогаш Натали одлучила да го покани момчето кај нив дома.

Натали објаснува како почнала приказната:„ Јас, сестра ми и син ми бевме во кујната и погледнав низ прозорецот и реков ‘Замисли некој да спие надвор на ова време!’. Тогаш син ми Џек ми кажа дека познава бездомник кој веќе некое време живее во стар вагон од воз. Реков ‘Што? Оди донеси го дома’“

24-годишниот Кеиран Килдај пристигнал во куќата и Натали го послужила со топол чаи и шпагети. Момчето живеело 10 месеци во вагонот, откако неговото семејство се преселило. Натали вели дека како мајка не можела да дозволи момчето да остане надвор и дека се сеќава колку бил исплашен и коку било сиво неговот лице кога прв пат го видела.

„Ги имав тие предрасуди, знаете, дека ќе се дрогира, дека ќе е алкохоличар, сите тие ужасни стереотипи. Но, тој не беше таков. Едноставно знаев дека не е таков.“, вели Натали. Таа ја објавила приказната за момчето на Фејсбук и тој добил донации во вид на храна, облека и парични средства од околу 1.500 евра.

Кеиран раскажува како откако неговата мајка се преселила да живее во Ирска и неговите браќа си заминале од дома, тој останал на улица, но премногу се срамел за да побара помош, мислејќи дека ќе наиде на осудување. Тој исто така свири гитара и е член на локален бенд, кој настапува во еден локален паб.

„Имав два пара облека. Првиот пар ми беше за секој ден и тие смрдеа, а вториот пар ми беше кога одев со бендот да настапувам во пабот.“, вели Кеиран. Тој не се надевал дека ќе остане на улица толку долг период. „За кратко време станав толку мизерен што не сакав да правам ништо, не сакав ниту да станам од креветот.“, вели тој. Иако сето ова се случило по заминувањето на неговото семејство Кеиран вели дека не ги обвинува нив за неговата несреќа. Тој и е многу благодарен на Натали и на останатите хумани луѓе за помошта.

Кеиран уште ќе остане во домот на Натали, а засега има обезбедено редовна свирка во пабот, благодарение на видеото објавено на Јутуб каде што се гледа неговиот талент.

Сподели на Facebook
пати видено