88-годишната Тини Дејвидсон од Комокс, Британска Колумбија се доселила заедно со сопругот во нејзиниот сегашен дом во 2007 година.

Таа оттогаш решила да ги поздравува тинејџерите кои оделе на училиште така што им мавтала од нејзиниот прозорец. Учениците се навикнале на неа и таа продолжила да го прави тоа во наредните 12 години.

За жал 88-годишната старица повеќе не може да се грижи за себе и наскоро ќе оди да живее во дом за стари лица. А децата сакале да ѝ се оддолжат за нејзината истрајност и „верност“. Над 400 ученици од блиското училиште се појавиле во нејзиниот двор со разни натписи на кои ја искажувале нивната љубов и наклонетост кон кротката жена.

Така Тини добила можност за последен пат да им мавта од нејзиниот прозорец. Таа била полна со емоции и не ѝ се верувало дека децата решиле повторно да ја изненадат, откако во 2016 година ѝ ја украсиле куќата за Денот на вљубените.

Сподели на Facebook
пати видено