Секој знае од искуство дека времето влијае на расположението и однесувањето. Но, постојат влијанија за кои не сме целосно свесни. Изборот на боја на облека или изборот на филм, нашиот став кон непознати, сето ова се менува во студената сезона. Апатија, раздразливост, нарушувања на спиењето и либидото, депресија, агресија. Овие и други несакани дејства од студеното време се добро познати. Но, неговото влијание врз психата е покомплицирано, според неодамнешните истражувања.

Жените избираат црвено

Жените избираат облека во зависност од времето. Овој заклучок го направија психолози од Универзитетот на Британска Колумбија во Канада. „За време на студената сезона, има поголема веројатност жените да носат црвена или розова облека во различни нијанси“, вели еден од авторите на студијата, професорката Џесика Трејси. И овој модел се појавува само во деновите кога жената има овулација, или со други зборови кога веројатноста за зачнување е највисока.

Научниците сè уште не нашле точно објаснување за овој феномен. Но, се чини прилично убедливо дека сè е во несвесна желба да се зголеми нивната сексуална привлечност. Впрочем, црвената и розова боја, според Џесика Трејси, се еден вид на на сексуални сигнали. Слична студија била спроведена од страна на истите научници во текот на летото, но не постои таква врска. Можеби причината е што летната облека ѝ дава на жената повеќе можности да изгледа примамливо.

Топлината и студот влијаат на нашата способност да процениме колку е „опасна“ непозната личност

Дали сме опкружени со ладни луѓе? Ние ги проценуваме луѓето на различни начини, во зависност од тоа дали сме изложени на топлина или студ. Набљудувачите реагираат интуитивно, а резултатите од разни студии ги потврдуваат таквите претпоставки. Во еден експеримент некои учесници држеле чаша топло кафе, а други – кафе со мраз. Физичкото чувство на топлина или студ силно влијаело на нивната перцепција: втората група е сметала дека другите се студени луѓе.

Топлината и студот влијаат на способноста да се суди колку е опасна непозната личност. Ова е потврдено од експериментот на германските научници. Во него учествувале 133 ученици, на кои им биле прикажани фотографии од 8 криминалци. Од студентите било побарано да напишат што мислат, каков вид на криминал овие луѓе би можеле да сторат и да проценат дали постапиле намерно или импулсивно.

Учесниците кои биле ставени во студена соба изјавиле дека на фотографиите гледаат ладнокрвни криминалци кои свесно ги извршиле своите дела. Спротивно на тоа, студентите кои биле во топла просторија тврделе дека тоа се неурамнотежени луѓе кои извршиле злосторства во состојба на емоции.

Дилема на затворениците

Од температурата на воздухот зависи колку луѓето ќе си веруваат еден на друг. Таков е заклучокот од експеримент спроведен од британски психолози во 2013 година. На 60 учесници, поделени во парови, им било понудено да ја играат играта Дилемата на затворениците. Во оваа игра, двајца луѓе се осомничени дека извршиле злосторство и се испрашувани во посебни простории.

Ако и двајцата молчат, во отсуство на докази, нема да бидат осудени, т.е ќе победат. Дилемата сепак на секој од нив е следнава: „Ако јас си молчам, а другиот признае, тој ќе добие помала казна, бидејќи и помага на правдата, а јас ќе имам поголема казна, бидејќи не сум признал.“ Постои и трета опција, ако и двајцата признаат и двајцата ќе бидат осудени.

Секој од нив може да избере да молчи и да се надева дека другиот ќе молчи или да признае (и да има помала пресуда) и да се надева дека другиот нема да каже ништо. Физичкото чувство на топлина ја зголемува довербата во другите, а во студот сомнежите стануваат поголеми. Поради оваа причина, некои учесници добиле шишиња топла вода, а други добиле пакети мраз. Како што може да се претпостави, кај првата група имало многу поголема веројатноста да соработуваат едни со други (т.е. одбилр да сведочат против соиграчите).

Со други зборови, физичкото чувство на топлина ја зголемува довербата во другите, а студот ги зголемува сомнежите.

Сезонска креативност

Во ладно и топло време имаме тенденција да покажеме различни видови на креативност. Во серија експерименти, се покажа дека со чувство на физичка топлина – во топла соба или затоплување со топол чај – учесниците биле подобри во задачи кои вклучувале цртање, категоризација на предмети или смислување идеи за подароци за одредени луѓе. Во ладни услови, учесниците биле повеќе способни за препознавање на метафори, измислување оригинални имиња за тестенини или апстрактни подароци.

Сподели на Facebook
пати видено