Потребно е само малку набљудување за да дознаете повеќе за некоја личност. Телото открива многу за внатрешното „јас “на противникот и помага да се најде начин да се комуницира со него.

1. Палецот на врвот

2. Палец внатре

3. Палец на страна

4. Палецот свртен нагоре

Кој е Вашиот тип?

1. Палецот на врвот

Вие сте веројатно најенергична личност во светот. Постојано барате нови знаења и впечатоци, обидувајќи се да прифаќате сè одеднаш. Вашиот распоред не вклучува лежење пред телевизор. Вие секогаш правите повеќе отколку што кажувате и Вашата љубезност прави сите да Ве почитуваат и ценат. Ги инспирирате сите со Вашата енергија и лесно станувате почитуван лидер.

2. Палец внатре

Вие сте паметни и комуникативни, но не стекнувате бргу нови пријатели. Оние кои се околу вас може да имаат впечаток дека сте молчаливи и ладни, но кога ќе Ве запознаат подобро сфаќаат дека сте пријатна а понекогаш и прилично чувствителна личност. Вие знаете одлично да ги решавате проблемите. Секогаш сте лукави и паметни, а одлуките секогаш Ви се точни. Прецизноста и внимателноста работат во ваша корист, но лесно се вонемирувате и затоа потребен Ви е некој кој ќе Ве разбере без зборови.

3. Палец на страна

Вашето мото е „секој сам го избира патот“, а Вашиот пат е прилично тежок. Вие сте практични и искрени и ја знаете сопствената вредност. Сепак, Вашиот страв од неуспех често Ве спречува да правиѕр смели одлуки: тоа е единственото нешто што може да ја потресе Вашата самодоверба. Затоа често ви треба одобрување и пофалби. Вашите пријатели ја ценат Вашата искреност, сигурност и острина. Оние околу Вас се чувствуваат заштитени во Ваше присуство.

4. Палецот свртен нагоре

Вие сте скромна, умна и забавна личност. Имате брз ум кој генерира безброј идеи кои на прв поглед може да изгледаат невозможни. Го обожавате откривањето на светот и уште подобро, имате средства да го направите тоа. Сепак, понекогаш Ви е тешко да се концентрирате на нешто особено затоа што сакате да знаете сè. Сите мислат дека сте енциклопедија на нозе и често бараат совет од Вас. Но, внатре Вие сте затворена личност која внимателно ја избира придружбата и највредниот совет го давате само на блиски личности.

Сподели на Facebook
пати видено