Младите луѓе го следат трендот на вегетаријанството, покажа едно ново истражување, при што помладите потрошувачи имаат поголема загриженост за етиката на начинот на кој се добива месото.

Индија е водечка земја кога станува збор за вегетаријанството, каде што 31% од населението се вегетаринаци, најмногу поради религиозни причини. Во Европа 10% од населението се вегетаријанци, а во светот вкупно има 375 милиони луѓе кои го преферираат вегетаријанството.

Според најновото истражување во изминатите неколку години во Велика Британија бројот на вегетаријанци тројно се зголемил и моментално 8 милиони граѓани на Британија се вегетаринаци. Истражувањето спроведено на повеќе од 2.000 луѓе покажа дека 6% се нарекуваат вегетаринаци, 4% се сметаат за пескетарианци (луѓе кои не јадат месо, но јадат риба) и 2% се нарекуваат вегани. Истражувањето било спроведено од списанието „The Grocer“.

Луција Јулиано од Харис Интерактив, која го спроведе истражувањето, рече дека „постојаните медиумски кампањи кои промовираат јадење од растително потекло“ придонесоа за зголемување на диетите без месо.

„Ова е особено очигледно кај помладите потрошувачи: 35% од 18 до 34-годишници планираат да ја намалат потрошувачката на месо во наредните 12 месеци“, рече таа. Клиентите на возраст меѓу 18 и 44 години најверојатно имале „загриженост за етиката на месото“, според студијата, при што еден од шест од вкупната популација има такви грижи.

Оваа истражување следеше по откривањето на статистиката од трговците на почетокот на оваа година дека речиси еден во три вечерни оброци не содржат месо или риба поради зголемувањето на вегетаријанците и таканаречените „флекситаријанци“ (луѓе кои се на вегетаријанска диета, но понекогаш јадат месо и риба).

Продажбата на спанаќ, цреши и модар патлиџан исто така значително се зголеми во споредба со претходните 12 месеци, при што продажбата се зголеми за 43 проценти, 25 проценти и 23 проценти, соодветно. Бројката ќе биде дополнително зајакната од страна на вегетаријанскиот настан, во кој спортистите и познати личности ги охрабруваа луѓето да пробаат исхрана базирана на растителни продукти во рок од еден месец.

Сподели на Facebook
пати видено