Ендрју Барнбрук работел како асистент сметководител во англискиот фудбалски клуб АФК Филд. Тој сакал да гледа онлајн модели кои се соблекуваат за него пред веб камерите. Особено му се допаднала 24-годишната Викторија Синклер од Манчестер.

За да може да си дозволи да ја гледаа подолго време, сметководителот добил идеја да си префрли 250.000 фунти од сметката на клубот на својоата лична сметка. Фраерот со парите не само што ја гледал онлајн, туку почнал да ѝ купува и подароци, а дури имале и неколку лични состааноци. Со други зборови, ја ќарил :).

Но сега, кога аферата излезе во јавност, сметководителот е обвинет за измама. Тој ја призна својата вина, неговиот случај ќе се разгледува во април во Кралскиот суд во Престон и најверојатно ќе заврши зад решетки.

Сподели на Facebook
пати видено