Еден младич бил малку занесен – не помислувал на секс и на жени – летал во облаци и се занимавал со глупости.
Арно ама станал 35 години и неговата мајка со сила го оженила за една убава девојка.
За време на првата брачна ноќ тој не направил ништо – нели беше занесен.
Тоа се повторило и втората ноќ, и третата и така речиси цел месец тој не и обрнувал никакво внимание на жена си навечер.
Нејзе и здосадило да чека и решила да го заведе.
Наредната ноќ жената легнала во ноќница и почнала да ја поткрева, да го покажува задникот, да си ги покажува колковите и да стенка.
Нашиот човек ја прашал:
– Што ти е, да не ти е лошо? Зошто стенкаш?
– Не ми е лошо, но многу ми е студено.
– Па покриј се штом ти е студено, што си се разголила?!
– Ама јас не сум навикната така мажу… Навикната сум кога ми е ладно, мама да дојде да легне крај мене, да ме погали меѓу бутовите и така да ме допира и топли додека заспијам.
А нашето момче и рекло:
– Е, убава работа! Сега што треба јас да правам? Во два часот во ноќта да одам да ја барам мајка ти?!

Сподели на Facebook
пати видено