Кристина Карило-Букарам, која е позната по социјалните медиуми како FullyRawKristina, отворено разговара за твојата „девственост“ во видео кое го снимила на Бали кога имала 30 години и го објави сега.

Сега таа има 32, но вели дека сѐ уште е девица и тоа нема да се промени додека не стапи во брак.

Таа прославила една ипол година од врската со нејзиното момче Кеш оваа недела, но потврдува дека истите работи што ги кажала пред 2 години важат и денес и таа сѐ уште немала с*кс со нејзиното момче.

Кристина која за себе вели дека е многу „се*суална личност“ одлучила да го сподели видеото бидејќи конечно се чувствувала подготвена да ја раскаже својата приказна и верувала дека тоа може да им помогне на другите кои се чувствуваат под притисок од општеството да имаат се*с пред да бидат подготвени.

Девојката која по потекло е од Еквадор и Либан вели дека пораснала во „многу православен христијански дом“ и „секогаш ја правела вистинската работа“.

„Се чував за брак со овој прекрасен маж кој сѐ уште многу го сакам. Затоа што јас не можам да замислам подобар подарок за мојот сопруг од она што ниту еден друг никогаш не можел да го добие од мене.“, вели Кристина.

Освен религијата и желбата да се чува за брак Кристина вели дека својот прв бизнис го започнала кога имала 18 години и затоа немала време за романтични врски.

„Ова не е само сексуален чин за мене. Ова е моја чистота. Ова е дел од мојата душа што ја земате или ви ја подарувам. Би било навистина убаво да знаете дека другата личност толку многу ве сака на начин на кој ќе ја прослави врската со вас.“, додава таа.

Кристина која е веганка вели: „Не само што мојата исхрана е чиста – јадам само сурово овошје и зеленчук, 12 години го правам тоа, туку и јас сум се*суално чиста.“ Што мислите вие за одлуката на Кристина и дали ја кажува вистината?

Сподели на Facebook
пати видено