Што ќе се случи кога ќе ставите тројца мажи во иста соба, кои тврдат дека се иста личност?

Ова прашање си го поставил психологот Милтон Рокеч додека се подготвувал за психолошки експеримент кој ги прекршил етичките и моралните граници во потрагата по изнаоѓање на лек за заблуди.

Милтон Рокеч пронашол текст во Harper’s Magazine, за две жени кои верувале дека се Дева Марија. Кога овие две жени биле соочени една со друга, врската помеѓу двете тврдења предизвикала една од жените да се ослободи од нејзината заблуда, со што се излекувала.

Милтон заклучил дека доколку ова успеало еднаш, ќе успее повторно, во официјално истражување. Во 1959 година, тој ги нашол субјектите на неговиот експеримент: тројца мажи, кои сите тврделе дека се Исус Христос. Тие биле однесени во болница во Ипсиланти, Мичиген, за да бидат следени под грижата на Милтон.

Неговото размислување било дека тие брзо ќе се ослободат од своите заблуди откако ќе се соочат со двајца други мажи кои тврделе дека се исти лица. На крајот на краиштата, има само еден Исус Христос. Сепак, тројцата мажи, Клајд Бенсон, Џозеф Касел и Леон Габор, не ја прифатиле реалноста лесно.

Мажите кои страдале од параноична шизофренија одбивале да ги напуштат своите верувања, дури и пред лицето кое ги правело истите тврдења. Гневот бил присутен на почетните состаноци помеѓу тројцата мажи. Бидејќи титулата на Исус Христос била ексклузивна, избиле караници и тепачки. Секој маж бил непријателски расположен кон идејата друг маж да кажува лажни тврдења, но ниту еден од нив не сакал да ја прифати вистината за сопствениот идентитет.

Работата на Милтон започнала со едноставна надеж дека мажите ќе се излечат меѓу себе. Кога станало очигледно дека тоа нема да се случи, тој стапнал на неетичка територија. Неговата фасцинација со поимот на идентитет го натерала да започне серија манипулации со цел да ги принуди промените кај неговите пациенти.

Една таква манипулација била испраќање писма до Леон Габор. Една од најновите заблуди на Леон била дека тој е оженет со една жена кого ја нарекувал Мадам Јети. Милтон почнал да му пишува писма во име на „Мадам Јети“ во кој го замолува Леон да го смени своето однесување, па дури и „сопругата“ му изјавувала љубов во писмата.

Откако Леон почнал редовно да кореспондира со измислицата, Милтон во име на „Мадам Јети“ ја оспорил идејата дека Леон е Исус, со надеж дека едната заблуда ќе успее да ја унипти другата. Но Леон многу се вознемирил и престанал да ѝ пишува писма на „Мадам Јети“.

Милтон исто така натерал една од неговите колешки редовно да флертува со Леон, по што тој се заљубил во неа. Сепак и таа не успеала да го разубеди дека не е Исус и неговата состојба се влошила. Исто така психологот се обидел да манипулира и со другите мажи преку писма, но залудно.

Може да се заклучи дека, настрана од добрите намери, тие биле едноставно заморчиња против нивната волја, избрани од психолог кој користел манипулација и лага како свои методи за изнаоѓање лек.

На крајот Милтон не ги излекувал тројцата мажи од нивните заблуди. Тој во 1964 година објавил книга со наслов The Three Christs of Ypsilanti. Вистината била дека двегодишниот експеримент бил неуспешен. Тој едноставно предизвикал непотребна тага кај мажи кои веќе страдале од лудило.

На крајот, Милтон дошол до заклучок дека делото што го направил е неетичко и ги прекршило сериозните граници. Тој објавил извинување во препечатувањето на својата книга во 1984 година, наведувајќи: „Иако не успеав да ги излекувам тројцата Исуси од нивните заблуди, тие успеаја да ја излечат мојата – мојата божествена заблуда дека можев да ги променам со целосно и сеопфатно уредување и преуредување на нивниот секојдневен живот во рамките на ‘тоталитарна институција’.“

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено